-0.2 C
Скопје
18:10 - 22 декември, 2024

(18+) Инвазија на пениси: Како машката голотија го освои Холивуд

Што се крие зад зачестеното појавување на пениси на екраните? Кому му се обраќаат ѕвездите кога им треба протетски имплант? Ако неодамна сте гледале некоја од американските ТВ серии, можеби сте забележале некои нови „членови“ во актерската екипа. Од малите во „Пем и Томи“, преку Хари Голденблат во „И едноставно така…“, до Еуфорија… Изгледа дека пред камерите има вистинска сензација на машки полови органи.

Машкиот еквивалент заостанува неколку децении зад женскиот. Ова можеби се должи на таканаречените закони за пристојност, кои забранија емитување на пениси во ерекција на националната телевизија. Дури во август 2020 година, британските гледачи првпат имаа можност да видат ерекција на телевизија, како дел од документарниот филм на Канал 4 „Јас и мојот пенис“.
Во 2014 година Глен Причард носеше само маица на снимањето на серијата „Вавилон“ во моментот кога беше уапсен во полициска рација, што дотогаш беше незамисливо.

-Рекоа дека можам да ги правам сите проби по гаќи, и дека ќе бидам гол само во еден кадар. Но јас чувствував дека тоа ќе биде можност да се надоградам како актер, па наместо тоа, се трудев да бидам гол што е можно повеќе, па сите се навикнавме и ни беше пријатно. Секако, во рамки на здравиот разум, не одев така на ручек – низ смеа опишува Причард за „Гардијан“.

Можеби она што ги издвојува последните зачестени појави на покажување на половите органи е нивната идиосинкразија. Дури и опуштениот пенис во „И едноставно така…“ изгледаше како мал багет, додека „колбасот“ во „Пем и Томи“ (инспирирана од автобиографијата на Томи Ли, во која тапанарот Мотли Кроу разговара со својот пенис) потсетува на нешто што не е човечко, пишува Гардијан.

Но, кои се луѓето што ја прават оваа магија? Како уметник за шминка и специјални ефекти, Метју Мангл се занимава со овој бизнис со децении, создавајќи прилично импресивен број на протетски пениси.

Неговата најпозната работа можеби е секојдневното шминкање на Џони Деп на снимањето на „Едвард раце ножици“, но тој неодамна се специјализираше за изработка на реални, мобилни и комични машки гениталии, како оние во „Полубраќа“ на Вил Ферел до „Мала Британија САД“ и „Бесрамните“.

-Кога добивам мејл или телефонски повик дека некому му треба пенис, секогаш прво прашувам дали е обрежан или не, колкава е должината и обемот, колку се големи тестисите и колку се долги срамните влакна… Звучи како профил за запознавање, но мора да мислите на тие работи – ја започнува приказната Мангл.

Иако веќе има меки калапи за различни пениси што можат да се приспособат или да се користат за потребите на снимањето, тој прави пениси по мерка за телевизиските и филмските продукции така што ги ваја на целосно нова глинена структура на база на масло. Оска, тестиси, скротум и влакна, сето тоа заедно во едно практично пакување што може да се залепи на стомакот на актерот.

Како што објаснува Мангл, тоа всушност е малку покомплицирано.

-На врвот на пенисот има раб каде што се срамните влакна. Го бојам во различни бои за да изгледа реално. Делот на самиот крај е она што се лепи за кожата на актерот. Тоа го држи напред. Има и парче ткаенина што се лепи за пределот на тестисите и на сетот се повлекува низ задникот и се прицврстува за неговиот врв. Изработен е од проѕирен растеглив материјал.

Ако сето ова звучи комплицирано, можеби ќе се изненадите кога ќе слушнете колку некои актери се сентиментални во врска со нивните интимни „додатоци“.

-На Крис Хемсворт му направив пенис за филмот „Одмор“. Некој од екипата што работеше на филмот ми кажа дека акрилниот калап во кој ги правевме интимните делови бил поставен веднаш до чеканот на Тор. Очигледно толку многу бил горд на него… Тоа е навистина голема пофалба – објаснува Мангл.

Покрај тоа што треба да одговара на бојата на кожата на актерот, тој мора да го земе предвид и движењето, и тоа не само на дополнителниот предмет.

-Тестисите што ги направив за „Полубраќа“ беа доста специфични – се сеќава тој – затоа што тој ги извади од панталоните и ги триеше на барабанот. Тие мораа да се движат како слободни тестиси, а не како крути минијатурни вселенски резервоари. Затоа решив да направиме вистински тестиси што ги ставивме во многу тенка кеса.

Со силикон за пластифицирање, можете да го направите скротумот мек или тврд, онолку колку што сакате – објаснува Мангл и додава:

-Со користење на нешто што се нарекува придушувач, можете да го направите материјалот малку помек од гума за молив. Понекогаш, за скротумот, прво правам поцврст слој, а потоа додавам друг преку врвот, што го олеснува движењето. Изгледа знаењето ми се проширило, па станав и хемичар и уметник. Јас сум како малиот Џепето во моето студио.

Во реалниот живот, повеќето пениси доаѓаат со сопствен сет на вградени специјални ефекти: мокрење, ерекција, ејакулација. Сепак, ова не се вообичаени карактеристики на телевизијата. Дали е тоа претпазливост или поради технички причини?

-Никогаш не ми побарале да направам мек пенис во ерекција на екранот. Сигурен сум дека ќе дојде и тој ден. Работев со Мет Лукас и Дејвид Валијамс на „Мала Британија САД“ и тие имаа скица од двајца пријатели што вежбаат. Требаше да им обликуваме костуми од латекс за целото тело. Тие влегоа во соблекувалната, ги спуштија крпите и, ете, имаа екстремно мали пениси – објаснува Мангл.

Ова е моментот кога повеќето актери сакаат да истакнат дека протетиката е потребна. Мангл опишува како ги трансформирал овие млитави импланти во ерекции надвор од екранот.

-Направивме жица во секој од малите пениси. Во одреден момент од снимањето требаше да влезам, да клекнам на колена, да ја земам малата жичка од пенисот, да ја повлечам и да заминам. Мислам дека постои некоја снимка на која се гледа како го правам тоа.

Мангл сè уште не добил барање да направи пенис што ејакулира, што веројатно би било следен чекор, со оглед на тоа што сè уште преовладува пркосниот став кон голотијата.

-Со оглед на тоа каква е телевизијата, не сум сигурен дека тоа може да помине. Но, не помислував ни дека ќе се прикажуваат толку многу пениси!

Мангл работел во истраги на местото на злосторството.

-Секогаш кога правевме обдукција на жена, моравме да ги покриеме градите. Тоа беше смешно. Може да им го извадите срцето, ама не смеете да им ги гледате градите – открива тој.

Во овој контекст, зошто се чини дека има толкав пораст на машка голотија последнава година? Дали навистина доживуваме промена на ставот? Можеби зачестената појава на машки гениталии е обид да се избалансира претераното појавување на гради, што со години се прикажува на ТВ, особено во сериите како „Игра на тронови“.

Или можеби телевизијата конечно го достигна многу помалку ограничениот свет на театарот.

-Како актер што треба да снима разголена сцена, многу повеќе ме загрижуваше самиот настап, отколку тоа што сите можат да ми го видат пенисот. Сум бил гол на сцена неколку пати. Всушност, работев на претстава во која сите петмина бевме голи до крај. По првите две минути, приказната ве презема и тоа престанува да биде важно – истакнува Глин Причард.

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо
Се вчитува....