05:45 - 16 јануари, 2026

ПОЛНАТА МЕСЕЧИНА ВО ЛАВ НОСИ ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ ЗА ОВИЕ 3 ЗНАЦИ: За некои, љубовта конечно ќе им тропне на врата

љубов бои

Крајот на септември ни ја донесе Месечината во знакот на Лав, а со неа доаѓаат промени кои влијаат на врските, парите и љубовта. Позицијата на полна Месечина во огнениот знак на Лав е идеална можност за зајакнување на самодовербата, изразување на креативноста, визиите и инспирацијата.

Како што е веќе познато, полната Месечина е период кога постои силна енергија која е погодна за започнување нови активности, а колку е силна таа енергија зависи само од знакот во кој е Месечината.

Сонцето е владејачката планета на Лавовите и всушност им помага да откријат кои се, што ги прави среќни и што им е потребно за да бидат среќни со самите себе. Некои може да ја откријат нивната креативност и да го променат начинот на кој ја искажуваат својата љубов, без разлика колку долго биле во емотивна врска.

Додека ретроградниот Меркур се уште ги „мрси“ конците на многумина, Месечината во Лав ќе биде наклонета кон овие три хороскопски знаци.

Рак

Раковите ги следат добри промени во нивниот љубовен живот, бидејќи полната месечина им го осветлува полето на комуникација. Можете да очекувате ново познанство и љубов на прв поглед. Ако веќе сте во емотивна врска, очекувајте лавина меѓусебни емоции што ќе ја „зачинат“ вашата љубовна врска.

Сепак, иако Месечината во Лав ви носи претежно добри работи, сепак треба да обрнете внимание на долгорочните одлуки што ги донесувате. Најдоброто нешто што ќе ви се случи наскоро ќе биде потврда од личност што ја цените и ја почитувате.

Лав

Лавови, ова е период кога сите погледи ќе бидат вперени во вас. Луѓето околу вас ќе ја почувствуваат енергијата со која ќе зрачите, а особено оние чие внимание го сакате само за себе. Луѓето родени во овој знак нема да мора да вложуваат дополнителен напор за да стигнат до личноста во која се вљубени, бидејќи таа ќе дојде сама.

Ќе се појават многу додворувачи, а на вас останува да препознаете кој е вистинскиот. Ако не ви се јави личноста на која се надевавте, знајте дека не е вредна за вашето внимание, бидејќи ве чека личност која ќе ви го промени животот.

Стрелец

Стрелците во овој период стануваат идеален партнер за секој знак на Зодијакот. Вашата креативна страна ќе биде изразена и ќе го опсипите својот емотивен партнер со убави зборови, љубовни писма и песни.

По долг период, вашиот партнер ќе сфати колку сте навистина лојални кон него, а за возврат ќе ви ја покаже својата љубов. Стрелци, уживајте во вниманието што ви претстои и бидете свесни за енергијата што ќе ја имате во овој магичен период.

Слични објави

(Фото) Луна Ѓоѓани ги покажа силиконските гради: Позира во едноставна маичка, а сите гледаат во нејзиното бујно деколте

Еспресо

„Горе во станот ми се двете ќерки“: Прво обраќање на Чеда Јовановиќ по доаѓањето на полицијата и извршителите

E.A.

Две недели по свршувачката, „пукна тиквата“: Ава Карабатиќ откри дека раскинала со момчето

E.A.

Српскиот пејач пеел на свадба од 3.000.000 евра! ​​Открил голема тајна: „Реткост се богати свадби во Србија“

Еспресо

(Фото) Јелена Томашевиќ сподели среќна вест: Денеска е посебна повод за прослава на најхармоничната двојка

Еспресо

Рада Манојловиќ и Катарина Грујиќ се скараа поради овој маж: Пејачките со години во војна, конечно откриена вистинската причина

Еспресо
Се вчитува....