7.8 C
Скопје
21:10 - 31 март, 2026

Полна Месечина на 21 јули: Што (не)треба да правите денес за среќа и благодат

Јулската полна Месечина доаѓа денеска, 21-ви, во знакот Јарец. Полната Месечина во овој знак може да ја зајакне желбата да си го поставите животот во ред, да создадете или зацврстите стабилни основи за иднината.

На 21 јули кон 22 јули ќе се случи втората полна Месечина во последниот степен на знакот Јарец. Многу ретко во текот на една календарска година има две полни Месечини во истиот знак. Полната Месечина во овој знак може да предизвика зголемено внимание на професионалната сфера на животот.

Ова е време кога можете да ги видите резултатите од претходните напори или да се соочите со потребата да донесете важни одлуки поврзани со работата и кариерата.

Полната Месечина често симболизира кулминација или завршување на некоја работа. Во Јарец, ова може да значи дека е време да ги сумирате вашите активности, да ги оцените вашите достигнувања и да одлучите каде да се движите понатаму.

Ова е добро време да ги анализирате вашите успеси и неуспеси и да ги прилагодите вашите планови за иднината.

Јарецот е знак кој ја цени стабилноста, структурата и дисциплината. Полната Месечина во овој знак може да ја зајакне желбата да си го поставите животот во ред, да создадете или да зацврстите стабилни основи за иднината. Можеби ќе има желба за поорганизиран пристап во личните и професионалните работи.

Енергијата на Јарецот понекогаш знае да биде малку студена. За време на полната Месечина, тоа може да се манифестира во фактот дека луѓето ќе станат повоздржани во изразувањето на своите емоции. Ова е добро време за размислување и донесување стабилни одлуки, избегнувајќи прекумерна емотивност.

Што би требало да се прави на денешната полна Месечина:

направете општо чистење, ослободете се од непотребните работи;

ако некој ве навреди или изневира, не возвраќајте;

медитирајте;

запалте свеќа во црква;

почнете да се грижите за телото, ова е повелен почетен период за да загубите тежина;

вклучете се во добротворни цели.

Слични објави

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо
Се вчитува....