06:26 - 31 јануари, 2026

Хороскопски знаци со изострено шесто сетило и моќна видовитост

раце љубов

И покрај тоа што 5-те сетила се многу важни, секое од нив може да ви биде одземено. Прекрасното нешто кај 6-тото сетило е тоа што никој не може да ви го земе. Без разлика на состојбата на вашето тело, вашето 6-то сетило секогаш ќе биде недопрено. Тоа може да се намали со текот на времето ако се игнорира, но може и да расте ако сте доволно трпеливи. Исто така, ако сте воден знак, тогаш сметајте се за благословени. Вие сте родени со моќно 6-то сетило и затоа можете да го доживеете светот низ натприродно око.

Риби

Рибите се последниот знак во зодијакот и токму затоа ја содржат мудроста што може да дојде само со старите години. Се вели дека ако сте родени во знакот Риби, тогаш вие сте неизбежно поврзани со спиритуалната рамнина. Вашата перцепција на земјениот свет е испреплетена со слики од област што не може лесно да биде видена со голо око. Некои дури велат дека најантичките души се родени во знакот Риби, па ова може да објасни од каде потекнува мистицизмот во вас.

Скорпија

Скорпиите по природа се наклонети кон екстремите. Не постои премногу темен пат за да ги исплаши или да ги натера да се повлечат. Од друга страна пак, не постои ни пресветол пат што тие би го нарекле премногу добар за да биде вистинит. Тие едноставно сакаат да видат и да искусат сè, без разлика дали е застрашувачко или болно. Кога Скорпиите храбро ги туркаат границите и се соочуваат со сенките што другите не сакаат ни да ги погледнат, тие секогаш се враќаат со неизмерен извор на натприродна моќ. Дури и да задржат дел од темнината низ која проаѓаат, тие ја доживуваат како моќен резултат што вреди да се има.

Рак

Познато е дека Раковите го познаваат вашето срце подобро и од самите вас, и дека можат да почувствуваат точно како се чувствувате додека само стојат покрај вас. Првото нешто што Раковите го бараат при запознавањето нови луѓе е нивното срце. Дури и ако се обидувате да ги закопате своите емоции длабоко во себе, каде што никој нема да може да ги најде, едноставно нема да ги скриете од Раковите. Но, и зошто би сакале да го сторите тоа? Тие не само што ќе видат во вашето срце, туку и ќе го разберат. Емпатијата и интуицијата им се пространи колку и самото небо.

Слични објави

(Фото) Ана Николиќ повторно во топ-форма: Го покажа згодното тело во проѕирен комбинезон

Еспресо

Мина и Каспер се разделуваат: По свршувачката, пејачката откри сè: „За два дена повеќе нема да бидеме заедно“

Еспресо

(Фото) Азис позираше со сопругот: „Ви посакуваме среќа на сите“

E.A.

Босанац купил стан од Вики Миљковиќ: Тој има една од најскапите вили во Белград, сега стана сопственик на уште една недвижност

Еспресо

Ја пронајде својата среќа: Харис Џиновиќ има нова партнерка која е 20 години помлада од него

E.A.

Даваше, а и уште ќе дава: Харис Џиновиќ ја заборави Мелина, сега си „бркна“ 20 години помлада

Еспресо
Се вчитува....