-2.2 C
Скопје
08:16 - 23 декември, 2024

Хороскоп за 17 јули: Престанете да глумите жртва и фрлете се во акција за менување на животот

Овен

Почитувајте ги вашите чувства и ако е возможно, изразувајте ги. Не ги потиснувајте емоциите во себе само за да изгледате непобедливо пред светот, туку борете се за она што го сакате. Сосема е возможно да се вљубите и да сакате двапати во животот. Во врска сте? Покажете ја вашата ранливост пред партнерот.

Бик

Ќе имате шанса да откриете кои ви се вистинските пријатели. Подгответе се за бурни разговори. Направете го првиот чекор во остварување на амбициите. Ретко кој ќе ви каже не, што и да побарате. Пред тешка љубовна одлука сте, за која не смеете да избрзате. Со партнерот правете повеќе компромиси, за да не го изгубите.

Близнаци

Ова е ден кога ќе ги дочекувате новитетите со раширени раце, а различните луѓе со отворен ум. Време е за промени! Оставете ја тврдоглавоста за некој нареден период. Внимавајте на искушението за озборување. Бидете подготвени за убави нешта. Иако неочекувано, ви претстои солидна финансиска добивка. Ќе ве израдува.

Рак

Денес сте поемотивни од вообичаено, па може да гледате проблеми и закани таму каде што реално не постојат. Не избрзувајте со коментарите и реакциите. На работното место почитувајте ја хиерархијата. На поле љубов конечно ќе најдете заеднички јазик и ова е поволен ден за договори и планови со саканата личност.

Лав

Ако некој може да направи од ништо нешто, тоа ќе бидете вие. Но, додека тоа совршено ќе се вклопи дома и на работното место, во врската тоа само ќе ви предизвикува проблеми. Скротете го својот темперамент. Не ги заменувајте долгорочните планови за краткорочни задоволства. Бидете посилни од искушенијата.

Девица

Ве очекува брз ден во кој ќе бидете претрупани со обврски и барања од колегите – не се согласувајте на сите. Ова е денот кога ќе откриете кои пријатели, всушност, не ви се вистински. Во работата ќе бидете поефективни ако се повлечете и размислите нова стратегија. Не почнувајте премногу работи одеднаш.

Вага

Некои луѓе имаат многу поголема моќ отколку што си мислите вие, па внимавајте како се однесувате со оние кои малку ги познавате. Не си навлекувајте неволји од кои нема да можете да излезете. Самосожалувањето нема да ви направи услуга. Престанете да изигрувате жртва и фрлете се во акција за менување на вашиот живот.

Скорпија

Не можете да го промените животот преку ноќ, смирете се и бидете трпеливи. Не си ја вложувајте целата енергија во работата. Денес ќе имате можност за промена на секое поле, треба само да ја препознаете. На работното место довршете ги започнатите обврски, не си давајте нови. Заштедете си енергија за партнерот.

Стрелец

Размислувајте долгорочно на секое поле. На работното место бранете ги личните интереси и не подлегнувајте под туѓи влијанија. Самодовербата ќе се покаже како корисна, не ја кријте. Среќата ви е во љубовта, па време е да разговарате посериозно за иднината. Можно е да зажалите доколку се обидувате да копирате некого.

Јарец

Потребно е да бидете пофлексибилни, зборовите ви се премногу груби. Покажете ги социјалните вештини во работата и ќе запознаете нови контакти. Нервозни сте, избегнете ги преговорите и состаноците. Завршете ги само приоритетните обврски и побарајте помош од колегите. Добриот хумор ќе ви помогне да избегнете љубовен конфликт.

Водолија

Не, денес нема да сакате да зборувате само за работата и за обврските, туку ќе сакате да споделите што има во вашето срце и што е она што ви ја буди страста. Вашата романтична душа ќе ви го промени начинот на кој комуницирате со светот. Слободно побарајте ја потребната услуга додека шармот ви е заслепувачки.

Риби

Денес е поволен ден да почнете ново хоби кое ќе ви ги полни батериите. На работното место доволно е да бидете приземни и да размислувате логично за да не направите грешки. Не трошете време на приватни дискусии. Во љубовта движете се чекор по чекор. Не избрзувајте. Ова е добар ден за искажување на љубов.

Слични објави

Хороскоп за 23 декември: Вагите ќе имаат љубовни проблеми, Скорпиите ќе бидат под тежок стрес

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Хороскоп за 21 декември: Овните се оптоварени со љубовта

Еспресо

Хороскоп за 20 декември: Лавовите ги очекува невидена страст во љубовта, Скорпиите да внимаваат на парите

Еспресо

Хороскоп за 19 декември: Биковите ќе „пливаат“ во пари, Близнаците ги очекува динамичен ден во љубовта

Еспресо

Хороскоп за 18 декември: Раковите ќе уживаат со семејството, Водолиите ги очекува успех

apostolova
Се вчитува....