0.8 C
Скопје
23:25 - 26 ноември, 2024

Хороскоп за 12 август: Не откажувајте се од соништата!

Овен

Денес едноставно нема да имате концентрација за да делувате успешно. Наместо да се преоптоварувате со тоа и да се нервирате затоа што извршувањето на дадените задачи не ви оди од рака, подобро би било да се одморите или да излезете во друштво на блиски, пријатни луѓе. Добра вечера со чаша вино.

Бик

Гледате позитивни резултати и задоволни сте бидејќи сте успеале да ја докажете својата способност на работно поле. Можете да очекувате познанство кое ве води до интересна и убава врска. Одржувањето на рамнотежата понекогаш може да предизвика повеќе штета отколку корист, па денес немојте ништо да форсирате.

Близнаци

Ова е еден од оние денови кога ќе бидете на работ да доживеете нервен слом или триумфално откровение. Едно невнимателно движење може да предизвика катастрофа. Ќе добиете шанса значајно да профитирате. Прифатете го фактот дека животот понекогаш не е хармоничен и без стрес. Надминете ги проблемите.

Рак

Потрудете се да сослушувате што ви зборуваат другите, сакаат да ви помогнат. Можеби ќе воочите дека некој се обидува да ви соопшти одлична идеја, но вие не реагирате. Ако дозволите, уште некој да може да смисли нешто корисно. Однесувајте се кон своето тело со почит и респект кој го заслужува.

Лав

Обезбедете си квалитетно време за себе. Секој детаљ од вашиот изглед ќе биде внимателно испланиран, па постојано ќе изгледате совршено. Немојте да штедите кога се работи за вашето здравје. За да заштедите пари, нема да одите на редовен преглед или ќе отидете кон поевтин лекар.

Девица

Не можете да предвидите нечиј одговор на дадена тема или да воспоставите добра врска и комуникација со одредени соработници. Нема причина за расфрлување. Партнерот упорно и без објаснување ги игнорира вашите идеи. Без оглед на вашата тактика, не можете да го постигнете она што сте го намислиле.

Вага

Подобрување кога е во прашање полето на финансии. Подгответе се да направите некои важни промени. На емотивно поле добивате внимание од личност која ви значи и се надевате дека ќе влезете во врска. Ако сте во врска, дадете сѐ од себе за да ја смирите тензијата наместо да додавате масло на огнот.

Скорпија

Фатете ја саканата личност за рака и одведете ја на најгласното место во околината. Заедно ќе уживате во задоволствата на животот. Ако сте сингл, љубовта ќе ја пронајдете за време на најнеочекуваното место. Можеби во продавница, во лифт, на прошетка… Не откажувајте се од соништата!

Стрелец

Во текот на денот потрудете се да го извлечете најдоброто од себе. Помогнете му на некој пријател кој е во неволја, или најмалку што можете да направите е да му дадете некој корисен совет. Можеби комуникативноста не е вашата силна страна, но овој ден ви е потребна забава и социјализирање. Дружете се со луѓето.

Јарец

Ова е поволен ден да се справите со тешките и комплицирани прашања и проблеми кои долго време ги одложувате. Ако сте во финансиска дилема, размислувајте во тишина и сами. Верувајте ѝ на интуицијата. Љубовната ситуација ќе биде стабилна само ако не бидете тврдоглави и нетрпеливи.

Водолија

На професионално поле можно е да не сте добро организирани и да ви е многу тешко сите обврски што ги имате, да ги остварите за еден ден. Партнерот нема доволно доверба во вас, и караниците стануваат сѐ почести. Внимавајте н на телесната тежина и исхраната. Занимавајте се со физичка активност.

Риби

Ви треба дополнителна претпазливост во деловните состаноци. Искуството ве предупредува дека не треба да ѝ верувате на личноста што сите ја фалат. За жал, љубовта и задоволството секогаш не одат заедно. Некој заслужува приоритет и затоа зачувајте ја потребната нота на дискреција. Здравјето ви е одлично.

Слични објави

„Лепа Лукиќ му собра 2.000 марки на татко ми“: Сергеј Трифуновиќ проговори за коцкањето на познатата пејачка

Еспресо

(Фото) Вака изгледале Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ на свадбата: „Никогаш не сум гледал така на студентките“

Еспресо

(Фото) „Едвај се движам, не знам што е ова…“: Данијела Димитровска прикована за креветот, загрижи со објавата

Еспресо

Почина хрватскиот актер Жарко Савиќ, остави голем актерски опус зад себе

Еспресо

Се огласи претепаната актерка: „Сè е јасно – жената што ме нападна беше под дејство на алкохол“

Еспресо

Жената која ја претепа Слобода Миќаловиќ откри што се случило: „Таа ме удри со колата…“

Еспресо
Се вчитува....