3.8 C
Скопје
22:19 - 20 декември, 2024

Астро прогноза за 22 октомври, сабота

Овен
Ако продолжите да вложувате максимален напор во својата работа, ќе успеете да го остварите унапредувањето кое го посакувате. Не сте задоволни од околностите на љубовно поле и очекувате нови случувања. Имате можност да остварите компромисно решение со пријателите, кои долго време ги запоставувате.

Бик
Во смиреноста на секојдневниот живот ќе наидете на ситуација што ќе ви отвори нови гледишта. Умот ви е малку отсутен и можни се грешки. Забавете малку и дозволете им на некои работи сами да си одат по својот тек. Сакате брз напредок во љубовта, но вршите голем притисок врз партнерот. Тоа ви е важно сега.

Близнаци
Можеби нема со еден поглед да му го привлечете вниманието на оној што ви се допаѓа, но тоа не значи дека нема да успеете со вториот или третиот. Бидете упорни! Ќе имате интересна комуникација со нова личност во вашиот живот. Дозволете ѝ да ви се приближи. Денешниот ден ви е добро поставен.

Рак
Денес ќе бидете во можност да го решите секој проблем што ќе ви се попречи на патот. Вистинските зборови ќе ви доаѓаат во право време. Сепак, држете ги емоциите под контрола. Кога ќе си поставите одредена цел, одете до крај. Може да се појават и некои лични проблеми, кои ќе мора да ги поправите.

Лав
Пред вас е позитивен ден во кој нема да имате поголеми проблеми и промени на деловно поле. Јасно ви е дека односот со саканата личност не ви е онаков каков што сакате да биде. Можно е да се роди соработка кога најмалку очекувате, и тоа со колега, со кого сте соработувале во минатото.

Девица
Подгответе се за прекинати разговори, непредвидени повици и изненадувања. Денешниот ден ќе ви покаже дека непредвидливоста е забавна и дека не мора секогаш да имате план. Спонтаноста ќе ви се одрази позитивно. Разговарајте за вашата амбициозност. Ќе сретнете личност која ќе ви биде сродна душа.

Вага
Одете на забавата на која ќе бидете поканети и релаксирајте се од работните обврски. На професионално поле, во следниот период е важна фаза на разрешување на работните случувања и одлуки. На емотивно поле, ако сте во брак, со саканата личност имате добар однос и во моментов сѐ е на свое место.

Скорпија
Не очајувајте доколку ви се случи мала караница со партнерот. Со добар и мирен разговор може сѐ да се реши. За оние што не се во врска, во вечерните часови ќе добијат повик од некоја личност што им се допаѓа. Можно на почетокот да влезете во „онлајн врска“, сѐ додека не видите какви му се намерите. Тоа зависи од вас.

Стрелец
Градите надежи за некои работи, но добро би било тоа да е базирано на факти. Комфорно ви е во ваша кожа. На моменти сакате да се исклучите од сè за да пронајдете начин да ги надминете неоснованите стравови. Партнерот е лек за вашите стравови и дилеми во врска со работата, воопшто со животот.

Јарец
На професионално поле, нови проблеми доаѓаат, а вие ниту старите не сте ги решиле. Можно е на некој начин да се чувствувате оптоварено на работа. На емотивно поле очекувајте дека личноста која ви се допаѓа ќе направи прв чекор кон вас. Можеби тој чекор ќе биде малку необичен, но сепак, вреди да се обидете.

Водолија
Животот е убав за оние што знаат да го живеат, меѓу кои спаѓате и вие. Денес ќе уживате во секој момент, без разлика дали сте на плажа или сте „заглавени“ со обврски. Ќе го намалите темпото и ќе им се радувате на убавите мигови. Некој ќе ве гледа оддалеку додека уживате и ќе ѝ се насладува на вашата привлечност.

Риби
Вие сте концентрирани само на работата и финансиите. Финансиите се променливи и тоа ви создава чувство на несигурност. Саканата личност сака да покаже искрени намери кон вас. Делувате пребрзо и тоа доведува до ситуација која е лоша за вас. Погледнете околу себе, љубовта е поблиску отколку што мислите.

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....