2.8 C
Скопје
17:09 - 22 декември, 2024

Астро прогноза за 20 јули, среда

Овен

Благодарение на Месечината, денот ќе го завршите во знакот на љубовта. Особено пријатни моменти очекувајте во попладневните часови. Уживајте во нив, зашто од утре повторно ќе ве чекаат одговори на економските прашања кои ве мачат подолго време. Контролирајте си го здравјето.

Бик:

Што се однесува до давање и примање емоции, Меркур е во добар аспект, па ако имало расправии во минатото, сега односите повторно се подобуваат. Што се однесува пак, до работа, повеќето Бикови ќе се чувствуваат неразбрани, некои дури и искористени, но мора да се обидете да ги избегнете конфликтите кои можат да следуваат. Ќе чувствувате умор.

Близнаци:

На љубовен план, во овој дел од месецот ќе почувствувате потреба да примените нови стратегии за враќање на некои врски. На работното место, некои ситуации уште некое време ќе останат во очекување, па ќе мора да почекате. Здравје – добро.

Рак:

Нема возбудливи моменти во однос на чувствата денес, па ќе сакате да направите нешто друго, на пример, да го промените „воздухот“. На работа, ако барате нешто ново, тоа ќе дојде до крајот на месецот. Здравје – Ќе се чувствувате преморени.

Лав:

Љубов – периодот останува позитивен за сите оние парови кои можат и сакаат нешто повеќе. На работен план,  астролошката ситуација дозволува нешто повеќе, дури и ако Јупитер не помогне во решавање на економските прашања. Внимавајте на настинки.

Девица:

Се што планирате да направите на љубовен план денес, одложете го за подоцните пладневни часови. На работен план пак, ќе почувствувате дека нешто почнува да се менува, но ќе биде потребно извесно време за да стигнете до посакуваната промена. Подобро е да избегнувате да преземате премногу обврски денес, време е да се одморите.

Вага:
На љубовен план, овој ден ќе започне со мал проблем. Што се однесува до работата, правете ги работите посмирено, иако посакуваните промени сеуште не пристигнуваат, а можеби одамна ви се ветени. Внимавајте на здравјето денес кое е кревко.
Шкорпија:
Што се однесува до чувствата, тие ќе бидат подобри во попладневните часови во споредба со утрото, тогаш искористете го вториот дел од денот за љубовни средби или решавање на прашања кои ве мачат, па и за искрено споделување на емоции. Работа – ако сега промените нешто (дури и само како мисла во главата), ќе имате повеќе можности во иднина. Грижете се за вашето здравје.

Стрелец:

Интересен ден на љубовен план, особено за оние пријателства кои би можеле да станат нешто повеќе од тоа. На работен план, ќе сакате да направите многу, но понекогаш само желбата не е доволна. Здравје – останете концентрирани.

Јарец:

Утрото ќе ви донесе решение за проблемот кој од неодамна го имате со вашето семејство. Денот е поволен за решавање на билокави „стари“ проблеми на љубовен план. На работа, имате неколку активности што треба да ги извршите, но не смеете да претерувате со вложениот труд и енергија. Здравје – ќе чувствувате замор.

Водолија:

За Водолиите ова е ден на љубовта, особено во попладевните часови и вечерта кога ѕвездите се сосема на ваша страна. Искористете ја нивната наклонетост. Во работата можни се промени ако нешто подолго не ви се допаѓа. Здравје – одлично.

Риби:

Сонцето кое пристигнува во вашиот знак ви дава нова енергија. На работен план -нови предлози доаѓаат, но пред да ги прифатите, проценете ги со најголемо внимание. Здравје – одморете се денес, тоа ви го бара телото.

Слични објави

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо
Се вчитува....