11.8 C
Скопје
06:25 - 17 мај, 2024

Астро прогноза за вторник, 23 август

Овен
Одлично се снаоѓате во новата деловна улога и ве импонира поддршката што ја добивате. Потрудете се да комбинирате различни цели и лично задоволство. Партнерот ја очекува вашата емоционална приврзаност. Понекогаш е доволно да се согласите со погледите и топлата насмевка. Нема причина да поставувате непотребни прашања.

Бик
Делувате самоуверено и донесувате блиц проценка. За среќа, многу околности се на вашата страна и влијаат на позитивниот исход на деловните настани. Имате впечаток дека вашиот партнер е преокупиран со некои настани за кои не сте доволно информирани и тоа дополнително влијае на вашата емоционална вознемиреност.

Близнаци
Имате добар план и строго се придржувате кон формираниот деловен договор. Ќе се покаже дека вашата проценка и начинот на постапувањето се од заеднички интерес. Емотивната нота што ја чувствувате ве наведува да се изразите послободно. Сè станува волшебно кога покрај себе имате соодветен партнер.

Рак
Многу ситуации на деловната сцена изгледаат многу предизвикувачки, но во исто време и поучни. Користете ја вашата интелигенција и деловна енергичност за да постигнете резултати. Не сакате некој да ве спречува во изразувањето на вашите чувства, но на сите им треба емотивен компас. Усогласете ги желбите и потребите со партнерот.

Лав
Имате позитивен став и оптимистичка визија во поглед на решавање на деловните дилеми. Останете во позитивно опкружување бидејќи секој поттик во вас предизвикува креативна енергија. Емоционалните претчувства ќе ве доведат до погрешен заклучок. Подобро е да поставите директни прашања на партнерот отколку да претпоставувате одговори.

Девица
Се обидувате да ја прилагодите својата околина и нивните барања во насока што најдобро ви одговара. Сè е можно, под услов да се најдете на добро место во вистинско време. Новите емотивни предизвици можат лесно да ве вознемират. Премногу ентузијазам и занес, и премалку здрав разум понекогаш носат нов проблем.

Вага
Не сакате некој да поставува различни услови за вас и да влијае на вашиот деловен ритам. Размислете за тоа, понекогаш отстапувањето носи повеќе корист отколку што мислите. Чувствувате нови емотивни немири, но не сакате да се доверувате на личноста која ве анализира. Доволно сте храбри да прифатите нов предизвик.

Скорпија
Постојат различни забелешки што ги упатувате кон вашата околина, но критиката не донесува позитивен одек. Покажете на личен пример што очекувате од соработниците. Некој ве става во непријатна ситуација. Чувствувате емотивна дилема и се обидувате да го пронајдете најдоброто решение. Сакате да ја задоволите саканата личност.

Стрелец
Забележувате дека настаните на деловната сцена се одвиваат под невообичаени околности. Задржете ја присебноста на духот и обидете се да се прилагодите и вклопите во новите услови. Добивате извор на позитивна енергија и добро расположение во вашето семејство и во односот со блиска личност. Уживајте со најблиските.

Јарец
Понекогаш е тешко да се проценат различните аспекти што влијаат на деловната клима. Ако сакате да ги заштитите своите деловни интереси, прифатете нечија асистенција. Полесно ви е одредена одлука или одговорност да препуштите на вашиот партнер, но често се наоѓате во ситуација и да немате многу избор.

Водолија
Принудени сте да прифатите одредени услови или настани што не ви се допаѓаат. Но, мудроста се состои во тоа да препознаеме поволен момент за успешна акција. Доколку занемарите нечии потреби, ќе почувствувате контра ефект. Сè што се случува има своја причинско-последична врска. Размисли добро. Не избрзувајте!

Риби
Големата упорност во комбинација со позитивната енергија делува како успешна формула во однос на соработниците. Имате јасни ставови и делувате незапирливо. Одредени околности ќе ве натераат да го промените мислењето, но не треба да брзате со избрзани одлуки. Повнимателно анализирајте го вашиот партнер.

Слични објави

Љубовната приказна на Бејби Лазања е како модерна бајка: „Мислев дека никогаш нема да ми се јави“

еспресо

(Фото) Пластичен хирург верува дека Том Круз се подложил на липосукција: „Добро направено“

еспресо

„Тоа не се мали пари…“: Се огласи директорот на хрватската болница во која Бејби Лазања сака да донира пари

Еспресо

„Од каде ѝ стан во Врачар, тоа е мое“: Се огласи Миша Гроф откако Николина Пишек најави дека ќе му дојде на врата со полиција

Еспресо

Џенифер Лопез и Бен Афлек на чекор до развод: Актерот се отселил од луксузната вила

еспресо

(Фото) „Шокантно, не е за деца!“: Сергеј Трифуновиќ објави фотографии од сопругата, последна ноќ како девица

Еспресо
Се вчитува....