8.8 C
Скопје
11:59 - 18 декември, 2024

Астро парови кои имаат најкомплицирани љубовни врски

Доколку некогаш сте биле во врска на далечина или во проблематична љубовна врска, тогаш сигурно знаете колку комплицирани знаат да бидат врските. Понекогаш се обидуваме да ги пребродиме проблемите, но треба да знаеме кога е време да кренеме раце и да продолжиме понатаму. И покрај тоа што знаеме дека врската не функционира, ние упорно се обидуваме да го поправиме односот. Треба да знаете дека понекогаш е паметно и практично да се откажете од врската. Понекогаш срцето одбива да го послуша разумот и покрај тоа што на сите им е јасно дека врската нема да трае.

Некои врски, пак, се осудени на пропаст уште пред да започнат. Ако знаеме дека љубовната врска со некого ќе биде исполнета со бесконечни и нерешливи проблеми, тогаш можеби е најдобро воопшто да не се впуштаме во неа. Астрологијата може да ни открие колку си одговараат хороскопските знаци и кои астро парови имаат најкомплицирани врски…

Овен и Девица

Станува збор за комплетно спротивни знаци, а сите знаеме дека спротивностите се привлекуваат. Девицата ќе се восхитува на самодовербата на Овенот, а на Овенот ќе му се допадне нејзината способност и интелигенција. Сепак, Овните постојано преземаат непромислени ризици, а тоа ќе ги излуди Девиците. Кога огнен знак (Овен) ќе се спои со земјен (Девица), тешко им е да се разберат меѓусебно и да постигнат компромис.

Бик и Скорпија

Сензуалноста на Бикот и сексуалноста на Скорпијата добро одат заедно. И двајцата се страсни, внимателни, но и многу љубоморни, а токму оттаму може да произлезе најголемиот проблем. Бикот никогаш нема да го разбере љубоморното однесување на Скорпијата и нејзината потреба од одмазда. Овие хороскопски знаци можат да одржуваат добра врска во спалната, но надвор од неа еден од нив најверојатно ќе биде многу повреден.

Близнаци и Водолија

На прв поглед овие два знака делуваат како совршен пар. И двајцата имаат слободен дух, обожаваат длабоки разговори и се многу интелигентни. Меѓутоа, Близнаците многу подобро се прилагодуваат на нови ситуации и знаат како да ги искажат нивните чувства за разлика од Водолиите. Водолиите не претпочитаат да ги искажуваат емоциите, а тоа воопшто нема да им одговара на Близнаците. Освен тоа, Близнаците се познати по нивната недоследност, а Водолиите по нивната непредвидливост, што не оди баш најдобро во комбинација.

Рак и Риби

И двата знака се креативни, внимателни и чувствителни, но Раковите знаат да станат премногу емотивни, а тоа Рибите не можат да го разберат. Освен тоа, Раковите знаат какво влијание имале нивните претходни врски на тоа што се денес, додека, пак, Рибите делуваат како воопшто да не се сеќаваат на минатото и се чини дека никогаш не учат од грешките. Рибата и Ракот можат да бидат одлични партнери во креативна смисла на зборот и да работат на некакви уметнички проекти, но љубовната врска меѓу нив двајца би била премногу проблематична за да опстане.

Слични објави

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо

Скандал во шоуто на Амиџиќ: Дарко Лазиќ почна да ја фали бившата, Катарина побледе од срам!

Еспресо

(Фото) Емина Јаховиќ ги покажа стомачните: Згодната пејачка е во најдобрата форма досега!

Еспресо

Хороскоп за 18 декември: Раковите ќе уживаат со семејството, Водолиите ги очекува успех

apostolova

(Фото) Адријана Лима се омажи: Mанекенката ја објави радосната вест и ги покажа бурмите

Еспресо

(Фото) Јубилеен 60. роденден: Маријана и Росана прославија на различни континенти!

Еспресо
Се вчитува....