7.8 C
Скопје
00:04 - 31 март, 2026

(ВИДЕО) Змии од лево, змии од десно, како во хорор филм: Ова е Островот на змиите, оттаму ретко кој може да се врати жив

Островот на змиите не е имагинарна локација од кошмарите или од хорор филмовите, туку вистинско место кое луѓето навистина го нарекуваат така.

Островот е оддалечен 30 км од Сао Пауло и од воздух изгледа неверојатно убаво – зелена вегетација, прекрасен карпест брег и кристално чисто море.

Но тој е дом на најсмртоносните змии на светот, кои таму ги има буквало илјадници. На Земјата не постои место на кое концентрацијата на змии отровници е поголема отколку таму.

На осторовот не живеат луѓе, а единствен доказ за човечко постоење е светилникот изграден за да се избегнат бродоломите. Според записите, во раните 1900-години на островот живеел човек задолжен за тоа. Според легендите, последниот светилничар и неговото семејство не преживеале бидејќи наводно змиите влегле во неговиот дом низ отворените прозорци.

Друга страшна приказна зборува за рибарот кој имал бродолом на брегот на островот, па тој морал да се симне на островот. Додека се обидувал да скине банани, змиите му скокнале од дрвото. Обидувајќи се да побегне бил каснат повеќе од 10 пати!


Змија чиј отров го стопува месото

Змиите јамичарки што живеат на островот имаат отров кој буквално го топи човечкото месо на местото на угризот и е дури петпати посилен од отровот на змискиот роднина од копното. Имаат златна боја, а главите им се во форма на копје.

Бразилската влада забранила посетување на островот освен за научници и истражувачки тимови, кои мора да имаат дежурен лекар во близина и заштитини одела.

Постои и црн пазар за тури кои носат на островот, како и за набавка на златни змии. Цената на една златна змија наводно се движи од 10 до 30 илјади долари.

 

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....