7.8 C
Скопје
23:18 - 18 март, 2026

ПРОВЕРЕТЕ КОИ СЕ: Наградени најуспешните во спортот за 2021 година

На денешната свечена церемонија, во организација на Град Скопје и Сојузот на Спортови на Скопје, „Избор на најуспешни спортистики и спортисти, тренер на Град Скопје“, беа наградени најуспешните во спортот за 2021 година.

На наградените им беа доделени признанија (плакети), од страна на Градоначалничката на Град Скопје како и од членови на Советот на Град Скопје, во согласност со „Правилникот за критериумите, условите и постапката за избор на најуспешни спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје“ и во согласност со одлуката на „Комисијата за избор на најуспешни спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје, и доделување на награди и признанија“.

Најуспешните беа избрани во следните категории: најуспешни 10 спортисти во сениорска категорија (мажи и жени), најуспешни 10 спортисти во младинска категорија (мажи и жени), најуспешен тренер, најуспешен спортист/ка – странец кој настапува во екипа од Скопје, најуспешен спортист/ка во категоријата на лица со попреченост и категорија перспективен млад спортист – кадет.

Најуспешните 10 спортисти во сениорска категорија (мажи и жени) се: Дејан  Георгиевски – Таеквондо клуб Бутел, Могамедгаџи Нуров –  Боречки клуб Вардар, Викторија Варадинова – Кик Бокс клуб Шампион, Бобан Илиоски – Кик Бокс клуб Шампион, Петар Заборски – Карате клуб Макпетрол, Симона Заборска – Карате клуб Макпетрол, Дарио Ивановски – Маратон клуб Делта, Дрита Исљами – Атлетски клуб Работнички, Филип Дерковски – Пливачки Ватерполо клуб Орион, Адријана Поп Арсова – Маратон клуб Делта.

Најуспешни 10 спортисти во младинска категорија (мажи и жени) се: Стефан Стојановиќ – Карате клуб Макпетрол, Столе Смилковски – Карате клуб Олимпик 2007, Марија Спировска – Боречки клуб Вардар, Мери Акиевска – Фитнес и аеробик клуб Магнус, Миа Тодоровска – Кик Бокс клуб Шампион, Калин Ивановски – Тениски клуб Југ, Миа Блажевска Еминова – Пливачки и ватерполо клуб Орион, Антонија Белазелкоска – Карате клуб Работнички, Мила Младеновска – Карате клуб Работнички, Александра Симева – Тениски клуб ПОИНТЕР ДООЕЛ.

За Најуспешен тренер e награден Др. Борче Костовски – Таеквондо клуб Бутел, а признанието за Најуспешен спортист – странец, кој настапува во екипа од Скопје му е доделено на Анте Гаџа – АД Ракометен клуб Вардар.

Во категоријата Најуспешен спортист во категоријата на лица со попреченост прогласени се Андреј Стојановски – “Сојуз за спорт и рекреација на инвалиди на Кисела вода“ и Стоилко Стоицев – Планинарски клуб Македон, а во категоријата Перспективен млад спортист – кадет, награден е Амар Хусеиновиќ – Тениски Клуб МТП Скопје.

Слични објави

Бени Шаќири откри зошто е скаран со Златко Ориѓански: На лична основа е

Еспресо

Пропуштен хит: Сања Вучиќ откри дека Теа Таировиќ одбила да сними дует со неа

Еспресо

(Видео) Зад мегахитот на Силвана Арменулиќ се крие приказна за нејзината најголема болка во животот

Еспресо

Беше омилен лик во „Среќни луѓе“, а почина во беда: „Пензијата ја дочекав во сиромаштија“

Е.А.

Откриено што рекол во обвинителството: Сослушан менаџерот на Здравко Чолиќ поради бомбата фрлена врз куќата на пејачот

Еспресо

Венцислава Тафкова за жената што почина по естетска процедура: „Престанете да покажувате со прст“

Е.А.
Се вчитува....