7.8 C
Скопје
09:04 - 31 март, 2026

Шолц побарал од Путин да се повлече од Украина, еве што одговорил рускиот претседател?

Рускиот претседател Владимир Путин во едночасовен трелефонски разговор со германскиот канцелар Олаф Шолц рекол дека насоката на Германија и Западот кон Украина е „деструктивна“, соопшти Кремљ.

Германската влада потврди дека двајцата лидери разговарале. Шолц го повикал Путин да најде дипломатско решение за војната, „вклучувајќи го и повлекувањето на руските трупи“.

Путин побарал од Берлин да го преиспита својот пристап кон конфликтот што започна во февруари.

„Пренатрпувањето на Украина со оружје е деструктивна политика“, рекол рускиот лидер во разговор со Шолц.

Тој додаде дека истото може да се каже и за фактот дека западните земји, вклучително и Германија, обучуваат украински војници.

Тој нагласил дека на Русија треба да и се дозволи да учествува во истрагите за „терористичките“ напади на гасоводите „Северен тек“ под Балтичкото Море.

 

 

Слични објави

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо
Се вчитува....