0.8 C
Скопје
17:32 - 22 декември, 2024

Време за појадок: Четири совети за совршено испржени матени јајца

Јајцата се одличен извор на протеини и други важни витамини и минерали, а притоа се чест избор за појадокот во речиси секој дом. Подготовката на јајца може да биде на многу начини, но важно е да се следат неколку правила за да добиете вкусен и хранлив оброк.

Колку и да делува едноставно, приготвувањето јајца некогаш знае да биде проблем па наместо совршено зготвени да добиете јајца кои се без вкус.

Користете нелепливо тефлонско тавче

Овој оброк е најбрз појадок кога сте во бркотница или имате многу обврски од почетокот на денот. Лесно се готват, но уште полесно наместо меки и кремасти матени јајца можете да добиете кулинарска катастрофа. Прва грешка е користењето обично тавче. Ова во никој случај не смеете да го правите, затоа што тие ќе се залепат и ќе морате половина остатоци да ги гребете од тавчето. Затоа секогаш изберете нелепливо тефлонско тавче. Матените јајца ќе бидат совршено испржени, а на крај нема да имате исполепено тавче што тешко се чисти.

Не додавајте млеко

Можеби првично делува логично – млекото ќе ги направи кремасти и меки, но сепак не е така. Причината за тоа е што млекото им го менува вкусот и текстурата. Исто така, ризикувате да добиете многу течни јајца, на кои ќе им треба повеќе време да се испржат што е ризик да ги препржите.

Изматете ги во сад

Никогаш немојте да ги матите јајцата директно во тавчето, колку и да ви се чини тоа дека ќе ви го скрати времето за готвење и пак ќе добиете вкусен оброк. Да, може да го забрзате готвењето, ама крајниот резултат нема да биде како што треба. Ќе добиете неубаво разматени и јајца со конзистенција како гума.

Готовите матени јајца не ги оставајте да се готват во топлата тава. Кога ќе завршите со пржење веднаш префрлете ги во чинија. Ако ги оставите во тавата која е жешка од пржењето, продолжува нивното пржење и ќе се пресушат.

Пржете на умерена температура

Уште една грешка е ако ги пржите на висока температура. Така ќе добиете изгорени и суви јајца. Затоа прво загрејте го тавчето на средна температура, па додајте ги јајцата, намалете ја температурата и пржете ги. Кога ќе ги ставите јајцата во тавчето, мешајте ги за да добиете меки воздушести матени јајца. Ако ги оставите да се пржат додека вие правите нешто друго, на дното ќе се формира кора што ќе ги направи суви.

Слични објави

Село Вишни, духовното гнездо на канонизираната светица Спаса Вишенска: Порта низ која минува душата

еспресо

(Фото) Едно поинакво доживување! Не пропуштајте го рафтингот во Анталија, адреналинско искуство за паметење!

Еспресо

Ново издание на туристички водич за Македонија каде раскажувањето е со љубов

еспресо

(Фото) Ви ги претставуваме Herbalife Pецептите: Вкусно патување кон лесна и здрава исхрана со Herbalife

Еспресо

Украси за елка што се јадат: Миризливи ѕвездички (традиционален германски рецепт)

Еспресо

Брз славски колач за Света Петка: Рецепт што ќе го запомните

Еспресо
Се вчитува....