07:47 - 8 април, 2026

Изненадете ги најблиските со сочно похувано пилешко

Состојки:

1 килограм бело пилешко месо
500 милилитри млеко
3 чешниња ситно исечкан лук
3 лажици пченкарно брашно
3 лажици кафеав шеќер
3 лажици соја сос
лимонов сок
сол
црн бибер
масло за јадење

Подготовка:

Пилешкото месо убаво измијте го, а потоа исечкајте го на долги парчиња. Добиените парчиња месо, прелијте ги со млеко и оставете го да отстојат во фрижидер, околу 24 часа.

Откако ќе помине потребното време, извадете го пилешкото месо од млекото и оставете го да се исуши. Во подлабок сад, ставете ги зачините, лимоновиот сок, соја сосот, шеќерот како и ситно исечканиот лук, измешајте, а потоа во смесата потопувајте ги едно по едно парчињата пилешко месо.

На крај, месото извалкајте го во пченкарното брашно.

Вака подготвеното месо, пржете го во поголемо количество на масло за јадење се додека не ја добие посакуваната боја и тоа од двете страни.

Испрженото пилешко месо, ставете го на хартија да се исцеди, а потоа послужете го.

Слични објави

Велигденска чоколадна торта

Т.Ц.

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

Предлог за ручек: Полнети компири со мелено месо и кашкавал

Еспресо
Се вчитува....