20:02 - 11 април, 2026

Денеска за ручек почестете се со извонредно пилешко „помодоро“ со вотка сос

СОСТОЈКИ:
– 4 парчиња пилешки стек
– 2 лажици масло
– 50 мл вотка
– 120 мл пилешка супа
– 2 лажици свеж сок од лимон
– 2 – 3 домати (или 1- 2 раце цели шери домати)
– 2 лажици павлака за готвење
– малку брашно (по желба)
– сол и црн пипер

ПОДГОТОВКА:
Зачинете ги пилешките котлети со сол и црн пипер, потоа посипете ги со малку брашно (ако користите), па ставете ги да се пржат на масло. Префрлете ги готовите парчиња месо во сад, истурете ја маснотијата од тавата. Тргнете ја тавата настрана од шпоретот, внимателно додајте ја вотката, вратете го садот на шпорет и ставете да се вари додека испари течноста речиси целосно. Додајте ги супата и сокот од лимон. Вратете ги котлетите во тавата и оставете да се готват по една минута од секоја страна. Префрлете ги на чинија. Во сосот додајте ги павлаката и сечканите домати (или целите шери домати). Загрејте и промешајте, па истурете го над месото.

Пријатен апетит.

Слични објави

„Ги засука ракавите и се фати за работа“: Теодора Џехверовиќ ја снимаше мајка си како работи заедно со мајсторите

Т.Ц.

Која е атрактивната мисица Марија која му го украде срцето на синот на Зорица Брунцлик?

Т.Ц.

Бугарскиот пејач Константин има личен мини бар, кој буквално го следи насекаде

Т.Ц.

„Кај нас трпезата е вистинска магија, а голем борец сум кога се кршиме со јајца“: Теа Таировиќ откри како го слави Велигден

Т.Ц.

Мајката на Наташа Беквалац проговори за пропаднатите бракови на ќерка ѝ: „Ќе се откажам од неа ако повторно се омажи“

Еспресо

(Фото) Велики петок во домот на Здравко Чолиќ: Уна покажа како се подготвуваат за Велигден

Еспресо
Се вчитува....