7.8 C
Скопје
23:21 - 30 март, 2026

Знаци што укажуваат на болен црн дроб: Честата појава на модринки е аларм

Треба да се напомене дека поради тешкотиите во утврдувањето на дијагнозата, потребно е да се појават неколку симптоми истовремено.

Црниот дроб извршува важна функција во телото, затоа што помага да се исфрлат штетните материи од организмот. Ако дојде до нарушување на неговата функција, може да се појават сериозни проблеми, кои честопати се фатални.

Лекарите честопати напоменуваат дека симптомите на заболување на црниот дроб често се скриени, што доведува до тоа пациентите да пристигнат доцна на преглед, често со оштетување што е невозможно да се санира.

Меѓутоа, и покрај тоа, со досегашните истражувања се утврдени неколку показатели што можат да укажуваат на нарушување на функцијата на црниот дроб. Ако ги имате, добро би било да посетите лекар и да го проверите вашето здравје:

– Жолтеникава кожа и белки во очите;

– Хроничен замор или прекумерен замор;

– Болка и оток во стомакот (особено на долната десна страна);

– Необјаснето чешање на кожата;

– Тенденција за лесно создавање модринки;

– Едем или оток на нозете и глуждовите;

– Губење на апетитот;

– Лесни модринки.

Треба да се напомене дека поради тешкотиите во утврдувањето на дијагнозата, потребно е да се појават неколку симптоми истовремено, да траат подолг временски период и да е забележливо влошувањето, па дури тогаш дефинитивно да се посомневаме на болест на црниот дроб.

Болеста најчесто се јавува поради консумирање големи количини алкохол, но и поради внес на солена храна, намирници богати со шеќер и газирани пијалаци. Во светот сè повеќе луѓе имаат т.н. безалкохолна цироза на црниот дроб, која е резултат на лошите животни навики.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....