24.8 C
Скопје
15:57 - 17 април, 2025

Клиника „Жан Митрев“, лидер во медицинска иновација во регионот: Со името на Коста Шапков почна да се испишува историјата на Клиниката

Во далечната 2000 година, Коста Шапков беше 55-годишен машинобравар. Сега има речиси 80 години, се радува на своите внуци и на секој нов ден.

Први март 2000 година, 16 часот, се денот и часот што тој вечно ќе ги памети, како почеток на неговиот втор живот. Шапков беше првиот пациент во Клиниката „Жан Митрев“, кога врз него беше изведена првата бајпас операција во Македонија.

Пред неколку години, Шапков скромно изјави дека „некој морал да биде прв“.

„Ете, мене така ми се погоди. Не се надевав дека со мене и моето име ќе се испише историјата“, рече Шапков.

Фото: Промо

И основачот на Клиниката, д-р Жан Митрев, овој датум и овој час ќе го памети вечно, бидејќи тогаш се ставија темелите на тогашната Специјална болница по хируршки болести „Филип Втори“, која подоцна прерасна во Клиника „Жан Митрев“, а тој ја изведе првата бајпас операција. Зафатот траеше повеќе од четири часа и заврши успешно, а во една пригода, д-р Жан Митрев изјави дека оваа операција била неговата најтешка, опишувајќи ја како „операција на духовното срце на Македонија“ и реализација на една визија, означувајќи нова ера во македонската кардиоваскуларна хирургија.

Кочанчанецот Шапков во далечната 2000 година почувствувал болка во градите, веднаш се упатил во болница и бил препратен во Скопје. На скопската клиника му било кажано дека таква интервенција не може да се направи и како опција му била препорачана Бугарија.

„Таму јас не можев да одам, а веќе имав чуено за д-р Жан Митрев и сакав да се оперирам кај него. И по некое време навистина добив телефонски повик, да дојдам и да почнам со испитувањата. Кога дојде д-р Жан Митрев, ми рече: ‘Коста, тебе прв ќе те оперираме, работата е критична’. Јас реков: ‘Оперирајте, мора некој да биде прв’“, раскажа Шапков.

Фото: Промо

Оттогаш поминаа 25 години, а оваа визија продолжи да се развива, со што Клиниката „Жан Митрев“ се етаблира како лидер во медицинската иновација и врвната здравствена нега во регионот.

Во 2002 година, Клиниката ја изведе првата операција на отворено срце врз буден пациент, што исто така претставуваше значителен напредок во медицинската практика.

Понатаму, продолжија да се бројат успесите, иновациите и воведувањето нови напредни медицински технологии.

Годинава, Клиника „Жан Митрев“ одбележува 25 години постоење, а срцето на првиот пациент сѐ уште силно чука, како сведок на почетокот на првото отворање на вратите на хируршките сали што ќе ја сменат иднината на кардиоваскуларната хирургија во Македонија.

Експертскиот тим на Клиника „Жан Митрев“ ви стои на располагање. Закажете навреме термин или консултација на тел. 02 3091 484.

Слични објави

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Ублажување на болка со „пациент-контролирана аналгезија“

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Важноста од нефролошки преглед при СБМ

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Синдром на скршено срце

Еспресо

„Санте плус 3“, лидер на услуга, квалитет и професионализам во здравствениот сектор: Заштитете го вашето срце, направете коронарен стрес-тест

Еспресо

Клиника „Жан Митрев“: Вратите на Клиника „Жан Митрев“ се отворени за секој кому му е потребна медицинска помош

Еспресо

„Санте плус 3“, лидер на услуга, квалитет и професионализам во здравствениот сектор: Што е доплер на каротиди, за што се користи и кои се придобивките

Еспресо