04:03 - 3 април, 2026

Истражувачите од Џорџија тврдат дека пронашле лек кој го спречува ширењето на коронавирусот за 24 часа

Истражувачите на Државниот универзитет во Џорџија тврдат дека откриле антивирусен лек кој се внесува орално и за 24 часа ги спречува заболените лица со коронавирус да го шират вирусот на здравите луѓе.

Станува збор за лекот МК-4482/ЕИДД-2801, познат под називот „молнупиравир“, кој за еден ден целосно го стопира можниот пренос на ковид-19 на другите лица.

На чело на тимот е доктор Ричард Племпер, кој октрил дека лекот е исто така добар во борбата против сезонските вируси.

Ова е првата демонстрација на лекот кој екстремно брзо го блокира пренесувањето на SARS-CoV-2. Ова би можело да биде пресвртница – изјавил доктор Племпер.

Прекинувањето на ширењето на вирусот додека не дојде до масовна вакцинација на населението ширум светот би ги спречиле катастрофалните последици, кои веќе ги остави пандемијата.

Со оглед на тоа дека лекот може да се зема орално, со лекувањето може да се започне во раната фаза на болеста со потенцијална тројна корист – спречување болеста кај пациентот да премине во сериозна состојба, скратување на фазата во која лицето е заразно, со цел да се спречат емоционалните и социо-економските последици на долгиот престој во изолација и брзо смирување на локалните жаришта.

Забележавме дека лекот МК-4482/ЕИДД-2801 донесе цел спектар на активности против респираторните РНА вируси и дека лекувањето на заразените животни, давајќи им го лекот орално, драматично ја намалува трансмисијата – изјавил Племпер.

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....