00:39 - 3 април, 2026

Животот на уличниот пејач целосно му се променил откако Сергеј Ќетковиќ му дал поддршка и запеал со него

Животот на Милан Балиновиќ, уличен свирач и пејач, му се променил по средбата со Сергеј Ќетковиќ.

Сергеј во кафеаната Скадарлија сретнал улични свирачи кои ја свиреле песната „Нису ми дали да те волим“, само за него, а потоа ја снимил таа песна како дует со возбудениот уличен музичар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SERGEJ ĆETKOVIĆ (@cetkovics)

– Многу работи се променија. Многу приватни свирки, многу клупски свирки, многу нови цели во животот. Многу сум му благодарен на господинот Ќетковиќ и на Бога, и на сите луѓе што оставија толку прекрасни коментари на нашето видео. Ми беше задоволство да свирам за таков човек, пресреќен сум – рече Милан Балиновиќ и откри како била воспоставена соработката меѓу него и пејачот.

– Келнерот Жељко од Батајница, кој работи во Скадарлија, ме запре и ми рече дека Сергеј го бара мојот телефонски број. Му го дадов, ама помислив дека некој се шегува со мене. После тоа, ме контактираше г-дин Сергеј Ќетковиќ, го видов на камера и се уверив дека е навистина тој.

Музичарите го оставиле без зборови

Кога ги сретнал музичарите во Скадарлија, Сергеј запеал со нив.

– Кога по една прекрасна вечер во 02:00 часот наутро ќе те пречека и ќе те изненади тимот на Скадарлија со „Нису ми дали да те волим“ – напиша Сергеј на Инстаграм, каде што го објави и ова видео.

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....