00:52 - 6 април, 2026

Жика Јакшиќ закрепнува од мозочниот удар: „Логопед ми доаѓа секој ден“

Жика Јакшиќ закрепнува од мозочниот удар што го доживеа пред неколку недели. Кога се разболе, итно беше примен на интензивна нега во болницата „Свети Сава“ во Белград, специјализирана за ваков вид здравствени проблеми.

Во изминатите неколку дена можеа да се слушнат разни гласини за сериозноста на неговата здравствена состојба, особено затоа што во последно време не се појавуваше во медиумите.

Екипата на „Информер“ го посети сега во неговиот семеен дом, а во таа пригода авторот на емисијата „Никогаш не е доцна“ зборуваше за тоа како се чувствува.

Тој позираше пред својот дом, а пред камерите рече:

– Закрепнувам. Имам терапија, логопед ми доаѓа секој ден. Редовно одам и на физиотерапија. Мојата состојба се подобрува, како што можете да видите. Јас сум нормален, здрав. Сè уште имам некои проблеми со говорот, но тоа ќе се подобри со текот на времето.

Ако сè оди според планот, Жика Јакшиќ ќе се врати во студиото на почетокот на есента кога ќе започне новата сезона од натпреварувањето „Никогаш не е доцна“, пишува „Хелоу“.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....