00:23 - 8 април, 2026

(Фото) Прво снимање на „Ѕвездите на Гранд“ по смртта на Саша Поповиќ: Во студио ја донесоа неговата црно-бела фотографија, емотивна сцена

Креативниот директор на „Гранд“, Саша Поповиќ почина на 1 март, а денеска е првото снимање на музичкото шоу по неговата смрт, пишува српски „Блиц“.

Фотограф, соработник на „Гранд“, во студиото донел црно-бела слика на Саша Поповиќ, која ќе биде закачена во неговата канцеларија. Овој момент бил многу емотивен за соработниците со кои Саша работел и им бил пријател со години.

Саша Поповиќ последните неколку месеци ги помина на лекување во Париз, каде што ја загуби битката со страшната болест. На неговиот погреб присуствуваше речиси целата српска естрада.

Најблиските соработници на Поповиќ раскажаа дека тој работел до последен момент и бил вклучен во секоја емисија.

„Работеше до последниот ден, постојано беше во контакт со членовите на жирито. Секоја емисија ја следеше со специјален линк што го поврзуваше студиото со неговата куќа и учествуваше во создавањето на таа емисија. Беше апсолутно активен, само ете физички не беше присутен. Се шегуваше, дури еднаш дојде во студио и тоа предизвика воодушевување и сите му аплаудираа, тоа беше многу емотивно“, раскажала Весна Милановиќ за „Блиц“.

Инаку, долгогодишниот соработник и пријател на покојниот Саша Поповиќ, Микица Гачиќ, зборуваше за новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ и откри дали некој од членовите на жирито ќе го напушти музичкиот натпревар.

Фотографијата од Саша Поповиќ можете да ја погледнете – ТУКА.

 

Слични објави

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо

Хрватската пејачка Лана Јуричевиќ повторно стана мајка: „Ни пристигна најслаткото велигденско пиле“

Еспресо

Изјавата на Дивна за бракот на Карлеуша и Душко Тошиќ повторно е главна тема во јавноста

E.A.

Чолиќ среде концерт ја здогледа првата љубов и веднаш ѝ пристапи – неговиот гест е главна тема на денот

E.A.

(Видео) Весна Змијанац во невидено издание – пие, пуши и седи за време на настап!

Еспресо

Погледнете како Јована Јоксимовиќ навистина се однесува со вработените

E.A.
Се вчитува....