14.8 C
Скопје
12:13 - 16 март, 2026

Зад себе ги остави холивудските шмекери: Принцот Вилијам втора година по ред прогласен за најсекси ќелав маж во светот

Принцот Вилијам две години по ред е прогласен за најсекси ќелав маж на светот. Новото истражување на маркетиншката агенција „Рибут“ го стави принцот од Велс, пред конкурентите како Двејн Џонсон – Карпата, Стенли Тучи, Тиери Анри и Вин Дизел, пренесува „Дејли мејл“.

Истражувањето ги рангираше некои од најпознатите ќелави мажи во светот врз основа на различни фактори, вклучувајќи го сјајот на ќелавите глави, златниот пресек на нивните лица, висината и насмевката, а Вилијам доби речиси совршена оценка, односно 9.9 од 10.

Исто така, пребарувањата на Гугл во комбинација со терминот „секси“ се користеа како параметар, при што неодамнешните појавувања на Вилијам во Јужна Африка за иницијативата „Ертшот“ веројатно предизвикаа пораст на пребарувањата на обожавателите за него.

Инаку, ова не е првпат принцот Вилијам да се најде на врвот листата за најсекси ќелав маж во светот. Тој исто така заврши на првото место во 2021 година. Една година подоцна беше на второто место, а минатата година ја врати титулата.

Слични објави

(Видео) Рада Манојловиќ ужива со новиот дечко: Тој е во зрели години, истетовиран и зад себе има еден брак

Еспресо

(Фото) Блага Петреска со емотивен спомен за близок човек кој веќе не е меѓу нас

msp-admin

Момче од Македонија секоја година доаѓа на гробот на Ксенија Пајчин во Белград

msp-admin

Мојот живот доби вистинска смисла: Лична приказна на Адријана Алачки

msp-admin

(Видео) Длабоко деколте и мини: Џина Џиновиќ го прослави роденденот, ќе се зачудите колку години наполни!

Еспресо

Хороскоп за 16 март: Стрелци, фокусирајте се на оптимизмот и ќе доживеете прекрасни љубовни моменти

Еспресо
Се вчитува....