22:58 - 2 април, 2026

„Вози Мишко“: Стигнале понуди за автобусот од култниот филм, сопственикот засега не прифаќа ниту една

Во Јадран филм пристигнале четири понуди од заинтересирани купувачи за нивниот најпознат автобус, кој му даде автентичност на култниот филм „Кој тоа таму пее“. Хрватската продукциска куќа не ни објавила дека го продава автобусот, туку луѓето сами покажале интерес и го направиле првиот чекор.

„Во моментов се работи на обновување на автобусот за да се спречи неговото пропаѓање. Станува збор за голема инвестиција во реконструкцијата на ова возило“, порача претседателот на управата на Јадран филм, Винко Грубишиќ.

Тој додава дека нивната желба е автобусот да го направат механички и технички целосно исправен, за повторно да може да се движи по патиштата. Визуелно мора да остане оригинален, но технички исправен за да може да се вози како регистриран автобус. Замислата е повторно да се појави на патиштата на поранешна Југославија, а зад воланот да биде некој „Мишко“, кој ќе вози со врзани очи, како во филмот, заклучува Грубишиќ.

Планот, практично, е автобусот да се претвори во своевидно „шоу-возило“ кое ќе патува низ цела поранешна Југославија. Тоа значи дека автобусот ќе остане во оригиналната боја, со натписот „Крстиќ и син“, со оџакот, како и со дупките од сачми на покривот.

Неговата цена денес се движи околу 60.000 евра, бидејќи колекционерите не се особено заинтересирани за автобуси и камиони. Како олдтајмер има таква вредност, но како возило од ремек-дело на југословенската кинематографија, неговата вредност од година во година несомнено расте.

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....