05:19 - 6 април, 2026

(Видео) Ѕирнете во станот на Весна Змијанац вреден 350.000 евра: На ѕидовите закачени портрети од ќерка ѝ Николија

Фолк ѕвездата Весна Змијанац за првпат ја отвори вратата од станот во Врачар, за кој се вели дека платила 350.000 евра. Во интервјуто за „Уна“ меѓу другото, Весна  проговори и за операцијата на срцето.

-Операцијата беше сериозна, но тоа не значи дека ги менувам навиките. Напротив. Сè уште сум немирна и храбара. Не можам поинаку. Сега сум добро, поточно одлична. Имаше пауза одредено време, што беше тешко за мене, бидејќи не можам да стојам во место. Не се плашам од години и не ги бројам – изјавила Весна.

Таа открила дека себеси никогаш не се гледала како фатална жена.

– Никогаш не знаев дека сум фатална жена. Кога си таков, не ни знаеш. Други те декларираат така. Секогаш бев голема ѕвезда. Од околу триесет години па наваму. Не ми беше важно што сум фатална – истакнува Змијанац.

Додека траеше интервјуто, Весна покажа како изгледа нејзиниот стан каде може да се забележи дека има посебна соба како шминкерница, луксузен мебел и фотографии од Николија.

– Цел живот бев немирна. Сакав да се дружам и да поминувам ноќи и ноќи, денови и денови со Шабан… Работев многу, но и трошев многу. Сè уште сакам да трошам. Ретко кој на сцената не сака да се напие чаша вино и да не ѝ го даде на музиката своето право. Порано го правев тоа малку повеќе – изјавува Весна, која конечно открива дека и понатаму сака да пие чашка повеќе.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....