13:48 - 5 декември, 2025

(Видео) „Таму беа Бијонсе, Џеј Зи, Лејди Гага, Бред Пит…“: Сараевска актерка раскажа за забавите на контроверзниот рапер Диди

Актерката и модел Дајана Гудиќ со потекло од Сараево, со години живее и работи во Лос Анџелес, а неодамна гостуваше во „Амиџи шоу“ каде изјави дека Бред Пит ја контактирал на социјалните мрежи.

Сега таа предизвика нова низа реакции бидејќи во интервју во подкаст тврдеше дека била на забава со раперот Шон Комбс, попознат како Диди, кој е обвинет за рекетирање, трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација и кривични дела поврзани со проституција. Имено, сараевската актерка откри дека минатата година била на неговиот роденден.

„Има една соба која е ВИП и таму има само околу 20-30 луѓе и неговите блиски пријатели, а веднаш до неа има околу 200-300 луѓе и таму има голема забава. Секогаш има настап“, изјавила таа и истакна дека приватно се познава со раперот и откри што се случува во ВИП собата.

„Одиме во тој ВИП дел и тоа е нешто што нашите луѓе тешко го разбираат. Кога ќе влезете во таа соба, веднаш се Бијонсе, Џеј Зи, Лејди Гага, Бред Пит, Ким Кардашијан… А потоа сум јас. Се запрашав што правам овде“, додала актерката.

„На такви места нема сликање или снимање, телефонот е оставен. Не ми го земаат телефонот затоа што ми веруваат затоа што долго време се дружам со нив и никогаш не сум се сликала“, објаснила таа.

Инаку, Дајана Гудиќ се појави во филмот „Ол-стар викенд“ на Џејми Фокс. Во него глумеа и Џерард Батлер, Роберт Дауни Џуниор, Бенисио Дел Торо…На почетокот на оваа година, таа ја најави и нејзината главна улога во американски трилер.

Слични објави

(Видео) И небото „заплака“: Познатиот музичар ја отсвири најтажната балада на гробот на Џеј Рамадановски на дожд

Еспресо

(Фото) Само тој ова го може: Сања го испофали Слаткаристика

msp-admin

(Видео) Кој е набилданиот маж од спотот на Теа Таировиќ: Со него сними жешки сцени на мотор!

Еспресо

(Фото) Згодни жени околу него: Вака Владо Јаневски прослави роденден

Еспресо

Сака повозрасни партнери: Еве колку години е постар новиот дечко на Јована Јеремиќ!

Еспресо

(Видео) Односот со поранешната жена не ми е добар, а ќерка ми живее со мене: Коки ја отвори душата

msp-admin
Се вчитува....