17:09 - 7 април, 2026

(Видео) Симпатични баби ја расплакаа Северина: „Замислете некој да ви каже – ако умрам утре, нема да ми биде жал“

Хрватската музичка ѕвезда Северина Вучковиќ одржа концерт во Порторож, а нејзиното внимание го привлекоа две постари дами во публиката кои ги „заразија“ сите околу нив со својата весела енергија.

Имено, Кати има 90 години, а Цветка 83. Тие докажаа дека возраста е всушност само бројка, а Северина ги покани зад сцената по концертот. Таа беше трогната до солзи од овие две дами, па објави и видео од овој настап.

„Ве молам погледнете го ова видео до крај и запознајте ги Кати (90) и Цветка (83), кои се на концерт за првпат во својот живот… Нели е прекрасно, бидејќи ние сме тука, на овој свет, за да го направиме животот подобар за другите, без разлика што прават… И сега можам да кажам дека мојата публика не е од 7 до 77, туку од една до 90 години“, напиша Северина покрај видеото.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Понатаму им се заблагодари на Аленка, Катја, Ана и Дамјана од здружението „Пријазно живљење“ за работата на социјалната активација и вклучувањето на постарите лица во општеството и за тоа што ги донесе овие прекрасни дами на нејзиниот концерт.

„П.С. Замислете некој да ви каже: „Сега кога те видов во живо и ако умрам утре, нема да ми биде жал…“, додала Северина.

Многумина беа трогнати од ова видео.

„Таа убавина на духот не познава години“; „Ако си направилa барем една личност толку среќна во твојот живот, си ја завршилa својата работа на оваа земја“; „Прекрасно. Ме расплака“; „Ова е навистина прекрасно“, беа дел од коментарите.

Слични објави

Велигденска чоколадна торта

Т.Ц.

10 необични велигденски обичаи од светот за кои веројатно никогаш не сте слушнале

Т.Ц.

„Оди во манастири и се моли за бебе“: Тања Савиќ се посветила на верата заради потомството

Еспресо

(Фото) „Благословена сум“: Анастасија Ражнатовиќ во прегратка на Гудељ, не може да ја скрие среќата

Еспресо

Свршеницата на Саша Ковачевиќ е бремена, парот го очекува своето прво дете

Еспресо

(Фото) Еве како изгледала Ана Севиќ на почетокот на кариерата: Разликата по 16 години изненади многумина

Еспресо
Се вчитува....