15:21 - 5 декември, 2025

(Видео) Се ожени синот на Даниел Поповиќ: И невестата и свекорот се фатиле за микрофонот на веселбата

Себастијан Поповиќ, синот на познатиот пејач Даниел Поповиќ, оваа сабота се ожени со стјуардесата Магдалена Кипсон, а посебни моменти од прославата објави на Инстаграм.

Младенците го заиграле првиот танц на песната „Све си ми ти“ од Владо Георгиев. Судејќи по фотографиите и видеата, сите блескале од среќа, а атмосферата на свадбата била одлична.

Во еден момент гостите ги забавувал и Даниел.

„Кога тато води“, напишал Себастијан со видеото на кое неговиот татко го пее својот хит „Ма дај, обуци Левисице“.

Невестата на свадбата исто така, ја испеала песната „Whats’up“ од групата „4 Нон блондс“. Нејзиниот сопруг ѝ го придржувал микрофонот, а таа свирела на гитара и пеела.

Потоа Себастијан ги забавувал гостите пеејќи ја песната „Херој улице“ од „Прљаво казалиште“.

Фотографии од венчавката на Себастијан и Магдалена сподели и сопругата на Даниел Поповиќ, Александра Поповиќ.

Себастијан во август оваа година изјавил дека знаел дека Магдалена е вистинската штом ја запознал.

„Тргнав на службено патување во Берлин и се сретнавме во авионот. Таа работеше како стјуардеса и јас ѝ го побарав бројот на мобилниот телефон и истиот ден испивме пијалак во Берлин и така некако се роди нашата љубов“, изјавил тој за „ИН Магазин“.

„Кога ќе почувствувате дека тоа е тоа и ќе почувствувате дека моментот е вистинскиот, нема што да чекате, некој ќе рече дека е пребрзо, некој ќе рече дека така треба да биде, но кога знаете дека тоа е тоа, нема што да се чека“, заклучил тој.

Меѓу гостите имало и многу познати личности, па со среќната двојка славеле поранешната мис на Југославија Ана Сасо, сопругата на покојниот Рајко Дујмиќ, Снежана Дујмиќ, и многу други.

Потсетуваме, Себастијан ја бараше својата идеална сопруга во 2020 година во емисијата „Женим сина“, кога во избирањето му помагаше неговата мајка Сања.

 

 

Слични објави

Халид Муслимовиќ пред самиот концерт завршил на инфузија! Еве што му се случило…

Еспресо

Саша Ковачевиќ ја разоткри Емина Јаховиќ! Ваков лут поради нејзината лага досега не сте го виделе!

Еспресо

(Фото) Димитар и Маја како деца останаа без татко во Битола, ова жена ги одгледа: Денеска на посебен начин ѝ заблагодарија

Еспресо

(Видео) И небото „заплака“: Познатиот музичар ја отсвири најтажната балада на гробот на Џеј Рамадановски на дожд

Еспресо

(Фото) Само тој ова го може: Сања го испофали Слаткаристика

msp-admin

(Видео) Кој е набилданиот маж од спотот на Теа Таировиќ: Со него сними жешки сцени на мотор!

Еспресо
Се вчитува....