00:46 - 9 април, 2026

(Видео) Сандра Африка се најде во незгодна ситуација: Пејачката ја прескокна оградата и провали во куќата

Сандра Африка работи напорно ова лето. Покрај настапите низ земјата и регионот, таа има и тезги во странство, а на последниот од серијата настапи, имаше малку лоша среќа. Имено, Сандра ги заборави клучевите од куќата во која престојуваше, поради што беше принудена да скокне преку оградата и да провали во неа.

Таа објави видео на Тикток во кое покажа дека по настапот се упатила кон куќата каде што престојуваше, но кога пристигнала сфати дека клучевите ѝ се оставени кај бендот.

– Сега го заборавив клучот од куќата и не можам да влезам. Настапот заврши, клучот е кај бендот и што да правам сега? Сега ќе ја земам оваа кофа и ќе ја прескокнам – рече пејачката која ја спроведе својата намера во дело.

Мотото е „Снајди се па живеј“ – напиша Сандра покрај видеото на Тикток.

Сепак, кога скокна, наиде на уште една пречка – вратата од куќата беше заклучена. Сандра кружеше околу куќата, потоа ја провери вратата од балконот, која, за среќа, остана отворена, и гордо рече: – Тананан.. колку сум досетлива.

@sandraafrikamusic Parola “Snadji se” 😊🤸‍♀️🏃‍♀️🥷🏚 #devojkatvogdruga #viraltiktok #sandraafrika #fyp #videoviral ♬ original sound – Sandra Afrika

Слични објави

Кеба е горд на ќерката – Наташа Којиќ освои златна награда во Лондон

Еспресо

Карлеуша со остри зборови за Теа Таировиќ: „Балканот не смее да биде синоним за…“

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели интимен момент од Бали: „Дојде време да си кажам не“

С.П.

Бојана Лазиќ откри кога се враќа Зорица Брунцлик во жирито на „Пинкови ѕвезди“

Еспресо

Дали Ким Бесинџер со неочекуваниот потег ги закопа воените секири со Алек Болдвин?

Т.Ц.

(Фото) Дарко и Катарина Лазиќ ги покажаа мускулите во теретана – еве како го поминуваат времето заедно

Еспресо
Се вчитува....