23:25 - 5 април, 2026

(Видео) Побизарно не може: Десингерица плукна во палачинката и ја сподели со момче од публиката

Раперот Драгомир Депсиќ, попознат како Десингерица, веќе подолго време предизвикува бура во медиумите поради своите необични настапи.

Десингерица стана познат во јавноста во текот на претходните две години, главно поради неговите контроверзни настапи. За време на настапите, тој ренда сирење врз главите на луѓето во публиката, а понекогаш ги „крштева“ со патика.

За време на настапот во Црна Гора, Десингерица се надмина себеси во бизарноста.

Стави палачинка врз главата на еден обожавател во публиката, потоа рендаше сирење, додаде сос, па малку се напи од сосот и го плукна врз палачинката – односно врз главата на момчето.

После тоа, тој ја завитка палачинката, му даде залак на момчето, а потоа и самиот ја проба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DESINGERICA (@dragomirdespic_design)

Видеото брзо стана вирално на социјалните мрежи. Судејќи според коментарите, иако од Десингерица се очекуваат необични работи, дури и некои негови фанови се изненадени, да не речеме згрозени од овој потег.

„Ова е болно“, „Срам ми е што го гледам ова“, „Каде оди овој свет, ужас“, „Ова треба да се забрани“, се само дел од реакциите на социјалните мрежи.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....