20:30 - 2 април, 2026

(Видео) Некогаш го навредуваше, а сега имаат дует: Бака Прасе и раперот Војаж се спријателиле

Богдан Илиќ, попознат како српскиот јутјубер Бака Прасе, на својот канал на Јутјуб објави песна со српскиот рапер Војаж. Песната „VVS“ за само три дена собра повеќе од 2,5 милиони прегледи, а спотот е снимен на островот Паг. Сепак, она што најмногу привлече внимание е нивниот дует, бидејќи претходно Бака Прасе и раперот биле скарани.

Михајло Веруовиќ, попознат по неговото уметничко име Војаж, почна да се занимава со музика во 2015 година, а популарноста ја стекна четири години откако објави песна со неговата тогашна девојка Бресквица, чие вистинско име е Анѓела Игњатовиќ.

Двојката гостуваше во шоуто „Ами џи“ во 2020 година, а нивниот настап не му се допадна на славниот Јутјубер. Недолго по шоуто, Јутјуберот ја сними песната „Blamage“ во која јавно го осуди раперот.

Нивното „ривалство“ траеше четири години, а раперот никогаш јавно не ги „врати“ навредите на Бака Прасе. Сепак, се чини дека ги решија сите несогласувања и влегоа во соработка.

 

Слични објави

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.

(Видео) Сама напиша преку 200 песни и режираше спот: Викторија Ефтимова со нов сингл, „Идеали“

apostolova

Ова сигурно не го знаевте! Бајага напишал голем хит за Весна Змијанац

Еспресо

(Фото) Аница Лазиќ го оперирала носот: Еве како сега изгледа девојката на Лазар Ристовски

Еспресо

Ја имаме вистинската адреса за вашиот совршен матурски изглед – во „Прагма“ убавината добива значење

Еспресо
Се вчитува....