2.8 C
Скопје
02:03 - 15 март, 2026

(Видео) На божиќната прослава Адријана Лима се забавува со „Југословенка“ на Лепа Брена

Оваа година дефинитивно беше една од оние за паметење за Адријана Лима. Покрај тоа што се врати на голема врата во светот на манекенството откако претрпе страшни критики за нејзиниот изглед, таа го кажа и судбоносното „да“ на Андре Лемерс, со кој пред две години доби син.

Фото: Инстаграм

Парот покажа и како го слави Божиќ, а на мрежите позираа во „полн состав“, односно покрај синот Сајен и ќерките Валентина и Сијена кои ги имаше со поранешниот сопруг Марко Јариќ, со нив беа и децата на Лемерс од претходните врски.

Среќното семејство очигледно одлично се забавувало, па дури и утрото насмеано позирале покрај Дедо Мраз.

Но, еднаш одамна, нејзината божиќна прослава изгледаше малку поинаку. Во времето кога таа беше тазе во брак со Јариќ, се разбира дека и католичкиот и православниот Божиќ не можеле да поминат без екс ЈУ хитови.

Сега една од старите снимки на Лима повторно почна да кружи низ мрежите.

Манекенката покажува како го украсува својот дом за празниците, а во позадина свири познатата песна на Лепа Брена „Југословенка“.

Тогаш луѓето со ентузијазам го коментираа музичкиот вкус на Адријана, но иако бракот со српскиот спортист е минато, не е исклучено тие сепак да се забавуваат со српските народни песни.

Причината е што нејзината најдобра пријателка е никој друг туку стилистката Ана Антиќ, наследничка на српскиот тренер и поранешен фудбалер Радомир Антиќ.

Слични објави

Цеца Ражнатовиќ се вози со автобус – во рака носи торба од 40.000 евра, а еве кој ѝ прави друштво

E.A.

„Не постои толку мека перница како мирната и чиста совест“: Уживајте во овие мудри зборови за животот, љубовта, среќата…

Еспресо

(Видео) Дарко Лазиќ објави емотивна снимка со брат му Драган: „Спомените остануваат засекогаш“

Еспресо

Како да ја ублажите силната главоболка?

Еспресо

Астростил: Како хороскопот ја обликува вашата гардероба и ве прави неодоливи

Еспресо

(Фото) „Светот ги сака победниците“: Мајката на Милица Тодоровиќ со порака за ќерката во екот на скандалот

Еспресо
Се вчитува....