6.8 C
Скопје
02:48 - 31 март, 2026

(Видео+фото) Какво изненадување! Сопругата и децата го пресретнаа Никола Роквиќ додека пешачи кон Грција

Српскиот пејач Никола Роквиќ пред неколку дена пеш тргна кон Атина, поточно до манастирот Свети Нектариј Егински, а сето тоа поради хуманирарна мисија – по пат ќе собира средства за детската онкологија.

Пеш ќе помине 1.060 километри, а дневно поминува околу 30 километри.

Неговата сопруга, манекенката Бојана Баровиќ сега на Инстаграм покажа како таа и децата го изненадиле Никола на неговото патување.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bojana Barovic (@bojanabarovic)


Имено, тие се сретнале со него, а потоа продолжиле за Грција каде што ќе го чекаат таму за заедно да го поминат Велигден.

„Денеска накратко го посетивме тато и го чекаме за една недела заедно да го прославиме најрадосниот празник. Дотогаш, ние сме на заслужен училишен распуст и мислам дека тука им е малку полесно без тато“, напишала таа во видеото.

Бојана на својот инстаграм-профил сподели фотографија на која тие се насмеани со натпис: „Кога на пат ќе сретнеш некого. Среќен празник“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bojana Barovic (@bojanabarovic)


Потсетуваме, Бојана и Никола ја основаа фондацијата „Семејство“ во чии рамки ќе им помагаат на многудетните семејства, загрозените, талентираните и болните деца.

Инаку, Роквиќ вчера одлучи да го собори личниот рекорд, најавувајќи дека планира да помине дури 38 километри, во што и успеа.

Пејачот веднаш се пофали со својот успех на својот профил на Инстаграм, објавувајќи фотографија од својот часовник кој му ја мери километражата.

 

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....