21:43 - 5 април, 2026

(Видео) Јелена Розга зборуваше за своето момче: Ние ја работиме истата работа, па сѐ е многу полесно

Во неодамнешното интервју за „Ин Магазин“, Јелена Розга се осврна на своето момче, чие име сѐ уште не го открила.

Ја прашаа како нејзиниот избраник се справува со тоа што се често разделени поради големиот број нејзини концерти, а пејачката одговори: „Сѐ е многу полесно со оглед на тоа што ја работиме истата работа“, вели таа.

Таа откри и дека нејзиното семејство многу го сака. “Тој ги има најубавите работи. За мене сѐ на него е најубаво. Мама го обожава, а и тато, стариот Розга”, додала Јелена.

За потсетување, Розга на крајот на јули откри новости од љубовниот живот.

„Јас повеќе не сум соло играч“, кратко изјави таа за „Блиц“, но не откри за кого станува збор. После тоа за „Ин Магазин“ откри како ја освоил.

„Тој е сличен на Јелена Розга, неоптоварен, нормално, добро момче“, рече таа и додаде дека родителите не ја прашуваат кога ќе се омажи.

„Единственото нешто што им е важно на моите родители е тоа што сум среќна, а кога ќе влезам во станот на моите родители, првото нешто на што гледа мајка ми е насмевка на лицето“, рекла Јелена.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....