14:24 - 5 април, 2026

(Видео) Хана Хуљиќ Грашо објави нова детска песна во која пее нејзината ќерка Алба

Хана Хуљиќ Грашо објави нова детска песна наречена Велигденска песна (Алелуја). Текстот на песната го напиша нејзината мајка Вјекослава Хуљиќ, а песната ја пеат Хана, нејзиниот сопруг Петар Грашо и нивната ќерка Алба.

„Велигденската песна“ беше објавена на официјалниот јутјуб профил на Хана посветена на детските песни. „Јас сум на мама и тато чудо, не им треба друго“, е еден од стиховите.

Хана претходно објасни дека на проектот за детска песна почнала да работи токму поради нејзината ќерка Алба.

“Имам бебе кое поради некоја причина почна да пее кога имаше осум месеци, што е навистина чудно. Кога почна да пее некои песни кои јас ги пуштав за да ја заспијам, не ми беше сеедно што таа пее туѓи песни, а не мои, и тогаш решив да ѝ пеам мои приспивни песни”, рекла Хана, додавајќи дека Алба била „хипнотизирана“ од песните.

„Велигденската песна“ не е првата песна во која се слуша гласот на Алба. Хана со својата ќерка ги сними и песните „Палачинке“ и „Мали рак“.

За потсетување, Алба е прво дете на Хана Хуљиќ и нејзиниот сопруг Петар Грашо. Таа е родена во јули 2022 година. На крајот на октомври минатата година, парот доби син, кого го нарекоа Тони. Хана и Петар се венчаа во февруари 2022 година во црквата Свети Доминик во Сплит, а на венчавката присуствуваа најблиските пријатели и семејството.

Слични објави

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Тори Спелинг и седум деца се повредени во сообраќајна незгода: Нејзината брза реакција спречила поголема трагедија

Т.Ц.

(Видео) Жешкиот танц на Теа Таировиќ ја „полуде“ публиката: Скокајќи боса на сцената, а потоа во костум со реси, ги затресе колковите

Еспресо

(Фото) „Добредојдовте дома“: Милица Тодоровиќ отиде во родниот Крушевац со синот Богдан пред Велигден

Еспресо

Хороскоп за 5 април: Стрелците ќе бидат пријатно изненадени од саканата личност

apostolova
Се вчитува....