22:37 - 5 април, 2026

(ВИДЕО) Греми 2022 се исмејува со ВИЛ СМИТ, водител излезе на сцена со кацига!

Вил Смит беше актуелен и на Греми наградите каде неколку пати се споменува шамарот упатен на Крис Рок. А еден од водителките се качи на сцената со кацига.

Најголемиот настан што се случи по Оскарите беа Греми наградите, каде што не можеше да не се направи шега на сметка на Вил Смит, за „легендарниот“ шамар кој му го удри на водителот Крис Рок. Момент кој ќе остане во историјата на американската телевизија и кој очигледно стана и тема за инспирација на комичарите од целиот свет.

И на Греми, тој момент се врати – водителот Тревор Ноа не можеше а да не се осврне на шамарот во текот на својот монолог.

Ноа, всушност, на крајот, уверувајќи ја публиката дека она што ќе го види ќе биде „концерт на кој ќе им бидат доделени награди“, додаде: „Имињата на луѓето ќе ги држиме надвор од устата“. Шегата  јасно се однесуваше на Вил Смит, кој откако се искачи на сцената за да му удри шамар на Ноа, се врати да седне на своето место и вресна кон водителот да не си дозволи веќе да го именува името на неговата сопруга: „Држи го името на мојата сопруга надвор од твојата е*ена уста“.

Но, тоа не беше единствениот момент во кој се споменуваше шамарот на Смит, во текот на вечерта. Другата шега дојде од Квестлав, музичар на Roots и режисер на Summer of Soul, документарен филм награден со Оскар. Наградата доделена веднаш по несреќата, за жал помина речиси во тишина за време на преносот во живо кога јавноста и гледачите се уште беа шокирани од она што се случи со Вил Смит и Крис Рок. Од сцената, всушност, Квестлав се пошегува: „Јас ќе ја врачам оваа награда и верувам дека вие сте на најмалку 150 метри оддалечени од мене“, додавајќи: „Само свирете“.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....