01:42 - 3 април, 2026

(Видео) „Жено, побарај помош!“ Ана Николиќ повторно шокира, во долна облека шета по улица!

Српската пејачка Ана Николиќ во последните години поради своето однесување често беше во центарот на скандали, а сега повторно ја изненади јавноста.

Имено, Ана Николиќ го објави видеото на својот инстаграм-профил, а корисниците на социјалните мрежи останаа шокирани од она што го видоа.

Пејачката излегла од автомобилот и во долна облека и високи потпетици шетала по патот по кој поминуваат возила. Телото го покрила со проѕирна наметка со леопард принт, а на главата ставила шал од истиот дезен.

Таа имала очила за сонце на лицето и сандали на нозете, а ваквото нејзино однесување ги зачуди сите.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Nikolić (@ananikolicofficial)


„Колку ми е жал за тоа што си го направи жената“, „Баш „пукнала““, „Ана, ти си огромен талент, но побарај помош и спаси се“, се само дел од коментарите под видеото.

Да потсетиме, Ана неодамна откри дека сфатила дека долго време била опкружена со лажни пријатели.

– Околу мене се собраа многу крокодили, поскоци и аспиди, толку подмолно што не ни забележав. Тие мислеа… Какви аматери и големи оптимисти кои своите верувања ги засноваат на сè освен на факти – напиша таа, и додаде:

– Јас сепак сум Ватикан. Благодарам, пријатно. Јас сум Ана, се ослободив од ѓубрињата. Благодарам, пријатно.

 

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....