07:55 - 3 април, 2026

(Видео) Ален Исламовиќ откри поради што завршил во количка: Болна и макотрпна операција

Пејачот на „Бијело дугме“, Ален Исламовиќ неодамна доживеал несреќа поради која се најде во инвалидска количка, а сега се огласил за српски „Курир“ и открил како се случило, но и како се чувствува сега.

Имено, снимката на пејачот од концерт како настапува во количка ја загрижи јавноста, но како што вели тој, сега се чувствува добро.

– Сега сум добро. Се оперирав пред 17-18 дена. По концертот во Ниш, имав пауза четири дена, па играв тенис со другарите во Сомбор, кога ја повредив Ахиловата тетива – открил за српски „Курир“ и продолжил:

– Тоа е една од најтешките спортски повреди, тоа е страшна болка. Веднаш ме оперираа, операцијата беше успешна, па по четири дена продолжив со концерти и настапив со „Бијели дугме“ во Крагуевац.

 

@andjelabulajic♬ original sound – Andjela Bulajic

Како што тврдат неговите обожаватели, ништо не може да го спречи Ален да излезе на сцената и да ја развесели публиката, а тој вели дека се прилагодил на оваа несреќна ситуација и дека не му било лесно, но дека на крајот успеал.

– Така сум „скроен“, кога добив патерици, јас со нив танцував! Проблемот беше затоа што пеам високи ноти и ќе вршев голем притисок на раната и ногата, на која не можам да се потпрам во следните четири недели, а шест недели ќе носам фиксатор, па количката беше најдобро решение. Обезбедив и безбедно и удобно патување, па ја кренав ногата, ставив овошје, храна, сокови околу мене и патот под нозе! Можеше да има разни компликации, раната да се зарази на оваа жештина, да отече ногата, да пукнат конците, но раната зараснува и добро закрепнувам – откри Ален за „Курир“.

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....