Весна Чипчиќ во осумдесеттите години од минатиот век важеше за една од најубавите актерки во Југославија, а нејзината заразна насмевка и енергија редовно беа тема во медиумите. Се прослави по улогата во култната серија „Жежок ветар“, а тогаш со нејзиниот партнер од серијата, Љубиша Самарџиќ, ја освоија наградата за најдобар актерски пар во 1980 година, а денес полни 72 години.
По улогата што ја прослави, Весна оствари забележителни улоги во бројни претстави, филмови, драми и ТВ серии.
Во тоа време, Александар Алач беше познат југословенски театарски, телевизиски и филмски актер, а успеа да го освои срцето токму на актерката со најубавата насмевка – Весна Чипчиќ.
Набргу станаа еден од најскладните парови на јавната сцена, а љубовта ја крунисаа со брак. Ги добија ќерката Ања и синот Иван и се чинеше дека ништо не може да го наруши нивниот однос. Сепак, јавноста беше изненадена кога се појави веста дека се разведуваат и дека наводното „јаболко на раздорот“ е Милица, ќерката на Петар Краљ. Но, актерите никогаш не се осврнаа на тие гласини, ниту пак ги потврдија.
И Весна одбиваше да зборува за медиумите по разводот – утеха најде во децата, а подоцна знаеше и на шега да каже дека очигледно не е талентирана за брак.
Актерката отсекогаш го криела својот приватен живот од медиумите, а солзите дури и од пријателите. Тврдела дека нема потреба некого да го „заморува“ со солзи кога веќе не може со насмевка. Во своите четири ѕида ја преболела разделбата со саканиот, опкружена со работи што ги стекнале заедно, па и со фотографии од минатото што ја потсетувале на поубави моменти и голема љубов.
– Најголемиот колапс во мојот интимен живот е разводот по 23 години брак. Тоа остави длабока трага во мене, но ни таа непријатна ситуација не ми ги скрши крилјата и не ме спречи да продолжам понатаму. Тажна сум поради децата, жал ми е, бидејќи не мораше така да биде, но, Боже мој, моите деца не се единствените чии родители се разведени – изјави своевремено Весна, додека нејзиниот поранешен сопруг никогаш јавно не зборуваше за бракот.


Партнер на Весна Чипчиќ по разводот беше Зоран Таировиќ, татко на познатата пејачка Теа Таировиќ, која пред повеќе од десет години, кога траела таа врска, сè уште не беше позната.
За нивната романса се дозна во 2012 година, кога и се разделиле, а интересно е што цели четири години биле во врска. Весна никогаш особено не зборувала за тоа, додека Таировиќ потврди дека биле заедно.
Денес ќерката Весна, Ана Алач е актерка добро позната на јавноста, додека нејзиниот брат Иван е помалку експониран.

Иван Алач исто така е посветен на драмската уметност, но ретко се појавува во јавноста.
