7.8 C
Скопје
00:02 - 31 март, 2026

ВЕЛИГДЕНСКИ куглоф: Слатка радост на празничната трпеза

За велигденските празници ви го препорачуваме овој вкусен празничен куглоф.

инстаграм

Од намирници потребни се:

375 грама брашно,

1 свеж квасец,

2 јаболки,

100 грама шеќер,

2 лажици мешавина од мелен цимет,

каранфилчиња и морско оревче,

15 грама какао,

сол,

2 јајца,

200 милилитри млеко,

100 грама путер.

За филот е потребно:

½ кесичка прашок за пудинг од ванила,

250 милилитри млеко,

3 лажици шеќер,

шеќер во прав.

Подготовка:

Од состојките замесете средно тврдо тесто и оставете го да стасува. Измиените и излупени јаболки ситно исечкајте ги. Стасаното тесто расмесете го и додадете ги јаболките. Ставете го тестото во калап за куглоф и оставете го да стасува уште еднаш. Печете 60-тина минути на температура од 180 степени.

Изладениот куглоф исечете го на три еднакви дела. Со претходно сварениот и изладен пудинг премачкајте ги првиот и вториот дел од куглофот.

Готовиот празничен куглоф наросете го со шеќер во прав.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....