Легендарниот рок бенд „Ван Гог“ ја претстави својата нова песна „До последен здив“, продолжувајќи го новото музичко поглавје што го започнаа во октомври 2024 година со синглот „Луд и сам“.
По објавувањето на „Луд и сам“ во октомври 2024 година, бендот најави дека во текот на наредните месеци ќе следуваат уште неколку нови синглови и видеа, а „До последен здив“ е вториот по ред.
Песната е достапна на сите дигитални платформи, а на радио станиците им е испратена и официјалната верзија за емитување, заедно со омотот.
Песната „До последен здив“ ја носи препознатливата енергија на бендот, зад која стои авторскиот потпис на фронтменот Звонимир Ѓукиќ – Ѓуле, кој е заслужен за музиката и текстот. Аранжманот е заедничко дело на Ѓукиќ, тапанарот Србољуб Радивојевиќ и Војислав Аралица, кој исто така е одговорен за миксот и продукцијата на песната.
Снимањето и дигиталниот едитинг се на Сања Ѓуричиќ, а сето тоа е реализирано во студиото „Сиена“ во Белград.
Омотот на синглот „До последен здив“ го дизајнираше Марко Вајагиќ, а фотографијата е создадена со вештачка интелигенција (AI).
Извршен продуцент и сопственик на сите фонограмски и други права поврзани со оваа песна е издавачката куќа “ROKA ROLA”.
Откако во 2019 година нѐ воодушевија со албумот „Море без брегови“ и со турнејата која траеше цели пет години, групата „Ван Гог“ кон крајот на минатата година го започна своето ново музичко поглавје, објавувајќи го синглот „Луд и сам“. Синглот до сега има повеќе од 600000 прегледи на Јутјуб. Музика и текстот на „Луд и сам“ се дело на Звонимир Ѓукиќ, додека аранжманот е на Звонимир Ѓукиќ, Србољуб Радивојевиќ, Воислав Аралица.

Со најновите песни, Ѓукиќ како spiritus movens потврдува дека во него сеуште постои креативна, творечка енергија; најтешко од се е да се остане препознатлив и свој а да се избегнат клишеата кои во овој вид музика се чести. Нивниот нов музички бран тука нема да заврши, земајќи во предвид дека групата Van Gogh најавува нов албум и голема турнеја и по повод 40 години постоење. Бендот со своите нови песни потврдува постоење на нов музички зрак на иновативна музичка жестокост, препознатлива поетична стилистика и стадионски рефрени со кои сигурно чекори кон 2026 година – година во која ќе го прослави својот голем јубилеј . Ѓуле и компанија уште еднаш докажуваат зошто веќе четири децении претставуваат синоним за енергија, автентичност и непоколеблива љубов кон музиката. Секако дека и Македонија ќе биде терен за синергија на силите со својата верна публика. Да бидеме трпеливи; наскоро следат уште новини од творештвото на овој бенд.
