09:07 - 12 март, 2026

Учесник на „Ѕвездите на Гранд“ опериран од тумор: Со објавата ги расплака сите

Како што самиот признава, таа вечер му останала длабоко врежана во неговото сеќавање, бидејќи освен публиката што го поддржувала, покрај него бил и неговиот син, кој му давал неверојатна сила.

Пејачот Семир Крантиќ, познат на публиката по учеството во српското музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, неодамна бил подложен на операција на тумор, а сега доживеа емотивен момент – неговиот прв настап по закрепнувањето. За среќа, операцијата била успешна.

– Во саботата ја имав првата тезга по операцијата на туморот… Тоа беше посебен момент за мене. Сè помина подобро отколку што можев да посакам – напишал Семир во објава на Фејсбук, нагласувајќи дека фактот што неговиот син беше цело време со него му дал дополнителна сила.

Пејачот споделил и дека атмосферата била исполнета со музика, луѓе и силни емоции, но дека она што најмногу го трогнало е присуството на неговото дете, чија поддршка значи толку многу.

– Музика, луѓе, емоции. Но, она што најмногу ме допре беше детето кое беше со мене цела ноќ, како да ја чувствуваше мојата енергија и не се одвојуваше. Ваквите моменти нè потсетуваат дека вреди да се бориме и да одиме напред. Не се откажуваме, дури сега се движиме уште посилно – напишал Семир, заклучувајќи дека токму неговото семејство и љубовта на најблиските му даваат сила да продолжи да оди низ животот со уште поголема волја и вера.

Неговата објава предизвика голем број реакции и поддршка на социјалните мрежи, а многу обожаватели му посакаа добро здравје и успех во неговата понатамошна кариера.

 

Слични објави

Ужасни детали од несреќата во која загина братот на Дарко Лазиќ: Возачот на автомобилот кој го удрил е приведен

Еспресо

Хороскоп за 12 март: Скорпиите ќе бидат нервозни, Водолиите ќе започнат нов бизнис

Еспресо

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.
Се вчитува....