-4.2 C
Скопје
01:05 - 23 декември, 2024

Тридневна свадба, три фустани на Никол, двојна венчална церемонија…СИТЕ ДЕТАЛИ од свадбата на Бруклин Бекам и Никол Пелц

Бруклин Бекам (23), кој е најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам, се ожени со милијардерката- наследничка Никол Пелц (27), на тревник покрај океан на семејниот имот вреден 76 милиони фунти во Палм Бич, Флорида.

Се проценува дека раскошната церемонија чинела околу 3 милиони фунти.

За време на прославата во петокот вечерта, Дејвид Бекам ѝ рекол на Никол: „Толку те сакаме. Возбудени сме што ќе бидеш дел од семејството. Ти си неверојатна личност“.

На младенците им се придружиле бројни ВИП гости, кои се собрале на тридневниот спектакл, меѓу кои дошле и Гордон Ремзи (55), тенисерката Серена Вилијамс (40) и актерката Ева Лонгорија (47).

Други на листата на гости биле „Spice Girls“ Мелани Браун (46) и Мелани Чишолм (48), супермоделите Џиџи Хадид (26) и Жизел Бундхен (41), поранешниот фудбалер Фил Невил (45) и кумот на Бруклин Дејв Гарднер (44).

Еден гостин ја опиша двојната церемонија – дизајнирана да ја одбележи католичката вера на мајката на Никол, Клаудија и јудаизмот на нејзиниот татко Нелсон – како „трогателна“ и „емотивна“.

– Тоа беше многу специјална пригода со многу лични детали. Бруклин и Никол очигледно вложиле многу размислување и труд за да го направат денот што е можно поспецијален. И двајцата изгледаа неверојатно и многу вљубени. И двете нивни семејства се многу горди на нив и се воодушевени што ги гледаат толку среќни – рекол еден од гостите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Grutman (@davegrutman)

Вчера утрото, Бруклин, кој го зема Пелц како неговото средно име, бил виден како патува до блиската куќа во количка за голф во бела облека во пижама стил.

Кога гостите се сместле, Никол прво го облекла фустанот на Пјерпаоло Пичоли, од Валентино, еден од трите направени за нејзината прослава.

Друг гостин рекол:

– Никол изгледаше апсолутно неверојатно, а Бруклин беше воодушевен.

По церемонијата, изворите велат дека гостите биле почестени со неограничени шишиња шампањ од 200 фунти „Bollinger“ на приемот одржан под градинарски шатори, од кои едниот го двоеле чекори до океанот.

Масите и мебелот ги набавил Пабло Оливеира од Nuage Designs, кој се грижел и за свадбата на Челзи Клинтон, додека цвеќињата, вклучително и 400 орхидеи кои чинат 50.000 фунти, ги набавил Риши Пател од HMR Designs.

Готвачот од Мајами, Тиери Изамбер, кој претходно готвеше за поранешниот американски претседател Бил Клинтон, го дизајнирал и го испорачал луксузното мени.

По вечерата, гостите потоа ја поминале ноќта со разновидна музика, вклучувајќи го и поранешниот сопруг на Џенифер Лопез и латино ѕвездата Марк Ентони, и диџејот Фет Тони. Настапил и раперот Снуп Дог.

Братот на Никол, Бред, во еден момент се пошегувал, велејќи му на Бекам:

– Добредојде во семејството. Правило број еден: среќна жена, среќен живот.

Дејвид пак, носел црно сако со широки црни панталони, а модната дизајнерка Викторија црн макси фустан.

Тридневната прослава ќе заврши денеска, со „лежерен“ ручек за гостите, кој се одржува на простран имот на Флорида.

– Тоа треба да биде прекрасен начин да се заврши фантастичниот викенд. Неколку дена пред венчавката, парот во интервју за „Вог“ призна дека и двајцата биле нервозни во последните моменти – наведува изворот.

Двојката се запозна на музичкиот фестивал Коачела во април 2017 година и јавно ја објави својата врска во ноември 2019 година, откако беа фотографирани како се гушкаат.

Почнале да живеат заедно во март 2020 година, а се вериле во јули, откако Бруклин ја запросил девојката со веренички прстен од 250.000 фунти со дијаманти и смарагди.

Се претпоставува дека Бруклин потпишал предбрачен договор, пренесува информер.рс

Богатството на Викторија и Дејвид Бекам е „трошки“ во однос на она на Нелсон Пелц: Утре е најзборуваната свадба на годината (барем за сега)

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо
Се вчитува....