8.8 C
Скопје
09:41 - 31 март, 2026

Тончи Хуљиќ откри нови детали за зетот: Петар Грашо и Хана Хуљиќ пред некој ден станаа родители по вторпат

Хана Хуљиќ, сопруга на Петар Грашо и ќерка на хрватскиот музичар Тончи Хуљиќ, неодамна се породи и роди машко дете, а пред четири дена го напушти породилното одделение.

Хрватскиот пејач Петар Грашо во неделата слета во Хрватска од Швајцарија, поради што не се знае дали успеал да стаса токму тој да ги земе сопругата и новородениот син од породилиштето, а сега се огласи и неговиот тест Тончи Хуљиќ кој откри како неговиот зет се снаоѓа со две мали деца и со водењето на кариерата.

– Засега успешно ги балансира улогите на татко, сопруг и музичар – изјавил Тончи, пренесува „24седам“ и додал:

– Многу е посветен на семејството, но посветено се подготвува и за големиот концерт во Белград – открил Хуљиќ, алудирајќи на настапот на неговиот зет, кој е закажан за 21 март следната година во Сава центар.

Да потсетиме, Петар и Хана на својот новороден син му го дадоа името Тони, по покојниот дедо на Грашо.

– Во семејството Грашо денеска се роди син. Го доби името Тони, по дедото на Петар, Тончи. Родителите се многу среќни како и сестричката Алба. Мајката и бебето се добро, а семејството Грашо дискретно ќе го прослави доаѓањето на новороденчето во кругот на семејството – порачаа тогаш за „Индекс.хр“ преку ПР-от Мартина Подгорски Кнок.

 

Слични објави

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо
Се вчитува....