6.8 C
Скопје
02:49 - 31 март, 2026

Тие се милионери на регионалната сцена: Колку милиони тежат Цеца, Карлеуша, Чолиќ, Бреговиќ…

Порталот Celebrity networth (скратено CNW) објави листа на најбогати луѓе во светот на забавата, а меѓу нив има многу личности од Балканот. Први на листата се Дино Мерлин и Драгана Мирковиќ. Оваа веб-страница пренесува дека имотот на босанскиот музичар и фолкерката се проценува на по 100 милиони долари.

По нив е Светлана Цеца Ражнатовиќ чија заработка е околу 80 милиони долари.

Јелена Карлеуша е трета на листата со двојно помала заработка од Цеца. Така, „Celebrity net worth“ проценува дека Карлеуша во својата кариера заработила 40 милиони.

Следува Лепа Брена со 25 милиони, а петтото место го делат Здравко Чолиќ и Горан Бреговиќ.

Северина и Неда Украден заработиле околу пет милиони од пеење, проценува споменатиот портал, додека на другите ѕвезди како Наташа Беквалац и Нина Бадриќ го проценуваат имотот под три милиони.

Во делот за информации за локацијата, CNW наведува дека користат проверени информации собрани од повеќе извори.

Новак Ѓоковиќ – 220 милиони

Иако не е дел од шоубизнисот, најбогатиот познат Србин е најуспешниот српски тенисер Новак Ѓоковиќ, кој има нето вредност од 220 милиони долари. Ѓоковиќ се наметна како еден од најдобрите тенисери на сите времиња по кариера исполнета со импресивни победи.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....