21.8 C
Скопје
18:14 - 5 април, 2026

Теа Таировиќ подготвена за Евровизија 2026: Песната нема да биде на српски јазик

Првото полуфинале на Евровизија се одржа синоќа, а српската пејачка Теа Таировиќ признава дека размислува да се подготви за одење на ова престижно натпреварување, пишува српски „Блиц“.

Имено, Теа Таировиќ неодамна проговорила за својот потенцијален настап на Евровизија, а како што истакнала, луѓето од нејзината околина веруваат дека таа би направила голем успех.

– Дали би сакала да одиш на Евровизија за да им покажеш на сите како се прави тоа? – гласело прашањето.

– Размислував за тоа. Луѓето околу мене ме притискаат да го направам тоа. Чекам да се случи вистинската песна – открила пејачката.

– Кога работевме на овој албум, мојот кореограф и кум ми предложија дека песната „Кер финансијер“ треба да биде евровизиска песна. Мислам дека треба да се вметнат некои странски зборови за да можат сите да го разберат – рекла Теа.

– Можеби следната година, би сакала да пробам – заклучила Теа Таировиќ во српската емисија „Амиџи шоу“.

Да потсетиме, на Евровизија 2025 година се натпреваруваат вкупно 37 земји. По првото полуфинале во кое некои земји не се пласираа понатаму, сега на листата има 32.

Српскиот претставник Принцот од Врање со песната „Мила“ е на 26-то место, додека пред првото полуфинале беше на 30-та позиција.

Принцот од Врање настапува во втората полуфинална вечер, в четврток, 15 март, под реден број 15.

Според прогнозите на обложувалниците, Шведска ќе го освои првото место.

Норвешка, Албанија, Шведска, Исланд, Холандија, Полска, Сан Марино, Естонија, Португалија и Украина го поминаа првото полуфинале.

Слични објави

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Тори Спелинг и седум деца се повредени во сообраќајна незгода: Нејзината брза реакција спречила поголема трагедија

Т.Ц.
Се вчитува....