07:47 - 24 март, 2026

СЗО: „Тројно зголемени случаите во Европа со мајмунски сипаници за само 2 недели“

Случаите на мајмунски сипаници се тројно зголемени во европскиот регион во последните 2 недели – известува Светската здравствена органиација.

„Речиси 90% од сите лабораториски потврдени инфекции пријавени на глобално ниво од средината на мај се регистрирани во Европа. И од мојата последна изјава на 15 јуни, има 6 нови земји и области, вкупно 31 пријавени случаи на вирусот мајмунски сипаници. Севкупно, билансот се искачи на над 4.500 потврдени инфекции низ целиот регион“, истакнува Ханс Клуге, директор на СЗО Европа, прикажувајќи сериозна слика, при што бројките се зголемуваат брзо и континуирано: „Европскиот регион останува во центарот на ова епидемијата која се шири“, предупредува тој.

„Повеќето од случаите на мајмунски сипаници пријавени досега вклучуваат луѓе на возраст меѓу 21 и 40 години и 99%“ од заразените се мажи, при што мнозинството имале сексуални односи со мажи. Меѓутоа – објаснува Клуге – мал број случаи се забележани и кај членовите на семејството, хетеросексуални и несексуални контакти, како и кај децата “.

„Речиси 10% од пациентите биле хоспитализирани на лекување или изолација, а еден пациент е хоспитализиран на интензивна нега. За среќа, засега нема мртви. Огромното мнозинство од случаите на инфекција се манифестирале со осип, а околу 3 четвртини пријавиле системски симптоми како треска, замор, болки во мускулите, повраќање, дијареа, треска, болки во грлото или главоболка“ – вели првиот човек на СЗО за Европа.

СЗО продолжува да го оценува ризикот од мајмунски сипаници во европскиот регион како висок со оглед на континуираната закана за јавното здравје и брзото ширење на болеста, и со дополнителни случаи пријавени кај жени и деца.

 

Слични објави

Чипка, корсет и подвески: Сидни Свини сама си е најдобра реклама

Еспресо

„Не седев дома, бидејќи имам дете кое доцни во говорот“: Гога Секулиќ откри низ што поминува по смртта на мајка си

apostolova

(Фото+видео) Сенида направи трансформација на изгледот: Пејачката ги искомбинира русите прамени со драматичен црн аутфит

Еспресо

„Најдлабоките мисли ми се…“ Каспер откри детали од интимата со Мина Костиќ

E.A.

Луксуз или претерување? Речиси 18 милиони евра на една фотографија на Кристијано Роналдо и Георгина Родригез

Еспресо

Дара Бубамара нема да ја гледаме во жирито на Ѕвездите на Гранд: Откриено е кој ќе ја замени

E.A.
Се вчитува....