13.8 C
Скопје
22:38 - 29 октомври, 2026

Светско, а наше: Никола Мицевски триумфираше на престижниот натпревар во Лос Анџелес

Нашиот познат композитор, инструменталист и продуцент Николче Мицевски ја освои престижната награда „Best of Pangea – World Music Award“ на глобалните Интерконтиненталните музички награди, (InterContinental Music Awards -ICMA) во Лос Анџелес.

Тој триумфираше со својата авторска композиција „TIME“. Ова е историски успех за македонската музика, со оглед на тоа што тој прво влезе како финалист во огромна светска конкуренција, а потоа и официјално ја однесе победата во категоријата за светска музика (World Music). Мицевски стана првиот македонски автор кој успеал да стигне до самиот врв на ова престижно меѓународно натпреварување.

Радоста ја сподели на социјалните мрежи.

Почестен сум и неизмерно среќен што ја добив наградата за најдобра World Music композиција на Интерконтиненталните музички награди, за мојата “TIME”!!
Благодарам на сите кои ја поддржувате и слушате мојата музика! Оваа наградата за мене значи многу а ќе ја имам и можноста мојата музика да се слуша пошироко во светот со поддршката од организацијата на овој голем светски натпревар! Одиме понатаму -напиша тој.

Наградата „Best of Pangea“ е специфично глобално признание кое се доделува на уметници чија музика ги надминува географските граници и спојува различни култури и традиционални звуци. Името „Pangea“ (Пангеа) се однесува на древниот суперконтинент каде што сиве денешни континенти биле споени во едно, па оттука наградата симболизира музичко обединување на светот.

Честитаме Никола!

Слични објави

Емина Јаховиќ со необични совети за детоксикација: „Ако немате сауна, влезете во автомобилот и вклучете го греењето на најсилно“

Еспресо

Уна Чолиќ доби подарок од 7.000 евра од дечкото – го прослави својот 25-ти роденден во Виена

Еспресо

Дара Бубамара подготвува полнолетство на синот, а најави и свадба и желба за уште едно дете

Еспресо

(Фото) Бресквица го покажа новиот дечко – ужива со него во авантурите во Дубаи

Еспресо

(Фото) Македонската блогерка Јована Трајковска стана мајка — на свет пристигна малиот Матиас

К.С.

(Фото) Вељко Ражнатовиќ покажа што појадуваат неговите синови: Детаљ во чинијата на малиот Жељко ги потсети сите на детството

Еспресо
Се вчитува....