25.8 C
Скопје
17:08 - 7 октомври, 2026

Сузана Манчиќ го посетила богатиот Грк, а потоа ги открила деталите од нивната врска на далечина: „Веќе не плачам кога се разделуваме“

Водителката и актерка Сузана Манчиќ повеќе од две децении е во брак со грчкиот бизнисмен Симеон Отсомокос, кого редовно го посетува во Атина.

Сузана враќајќи се од кај сопругот раскажала како ги поминала деновите со негот.

„Дојдов од Атина, отидов да се видам со сопругот некое време . Беше многу убаво. Таму секогаш си поминувам одлично, тој секогаш ми организира фантастични денови кога сме заедно“, вели таа и додава:

„Денот на вљубените секогаш го славиме кога сме заедно. А кога не сме заедно, ми праќа цвеќиња, кутии со чоколади, љубовни пораки…

Иако многу луѓе не веруваат во врски на далечина, и се водат од фразата „Далеку од очите, далеку од умот“, таа истакнува дека тоа не е случај за нив.

„Помладите не веруваат во врски на далечина. Ние, малку повозрасните, можеме убаво да се организираме и да се погрижиме сѐ да биде како што треба“, низ смеа вели Сузана Манчиќ.

Таа често патува меѓу Атина и Белград, додека нејзиниот сопруг поретко доаѓа во главниот град на Србија.

„Јас одам таму почесто отколку тој овде. Секој пат кога одам е посебен. Повеќе не плачам кога се збогуваме. Па, тоа трае веќе 25 години и стана нормално”.

Слични објави

Јелена Розга откри што сменил Иван Хуљиќ поради неа: „Многу сум горда на него“

Еспресо

Ѝ украле куп пари, а син ѝ ја спасил од дното — пејачката Деси Слава банкротирала откако била измамена

E.A.

(Видео) „Доаѓаш во Пекинг како турист, а потоа се сретнуваш со Ноле“: Кнез ќе заплачеше од среќа кога се поздрави со српскиот тенисер

Еспресо

Направете го ова со радијаторите пред почетокот на грејната сезона — може да ви помогне да заштедите на сметките

К.С.

Билјана Дебарлиева со фотографија од 2019 покажа колку малку се променила последниве седум години

Еспресо

Една година од смртта на Халид Бешлиќ: Останаа хитовите што ги спојуваат генерациите и спомените за неговата човечност

Еспресо
Се вчитува....