-0.2 C
Скопје
22:08 - 18 февруари, 2026

Српската естрада ќе трие раце по летото, еве колку ќе заработат пејачите оваа сезона

Музичките ѕвезди ќе имаат полни раце работа за оваа сезона, но ќе заработат и значителни суми.

Теа Таировиќ само летово од настапи ќе заработи дури 690.000 евра. Фолк ѕвездата е најбарана и од јуни до крајот на летната сезона ќе има 46 настапи, каде што ќе натрупа вистинско богатство! Веднаш по неа на листата на најбарани и најплатени летово се Слоба Радановиќ, Рада Манојловиќ, Александра Пријовиќ, Барбара Бобак и Дара Бубамара.

– Оваа летна сезона Теа ќе руши рекорди на регионалната сцена. Таа ќе настапува речиси секоја вечер, а цената на нејзините настапи е зголемена, па не е ни чудо што до крајот на летото ќе заработи дури 690.000 евра! Таа бара 15.000 евра за тезга, а оваа сезона веќе има закажано 46 настапи – вели водител, кој инсистирал на анонимност и додал дека големо изненадување приредил Слоба Радановиќ, кој ја покачил цената на настапите на 15.000 евра како и Теа, но тоа не му го намали бројот на настапи:

– Слоба има закажано 34 настапи и ќе заработи 510.000 евра! Веднаш по него е Рада Манојловиќ, која го држи рекордот по број на настапи во текот на летото – ќе има дури 51! Таа е „поевтина“, бара 7.000 евра по тезга, па наесен ќе биде побогата за 357.000 евра.

Нивната колешка Александра Пријовиќ ќе заработи дури 320.000 евра.

– Прија веќе е навикната да одржува големи концерти на кои најчесто заработува по 40.000 евра. Закажала осум големи настапи, па ќе инкасира вкупно 320.000 евра – вели естрадниот менаџер, додавајќи дека неодамна Барбара Бобак се искачила на врвот:

– Во последната година сè попопуларна е и Барбара Бобак, која до крајот на сезоната ќе има 38 настапи од по 6.000 евра, со вкупна заработка од 228.000 евра.

Иако летово речиси сите забавувачи ќе имаат многу работа, Дара Бубамара се чинеше дека малку се измори , па закажа 17 настапи, најмалку во споредба со нејзините колешки. Бубамара затоа ќе заработи помалку пари.

Дара летово реши да работи помалку од вообичаено. Таа обично бара 7.000 евра за тезга, а како што сега стојат работите до крајот на сезоната ќе заработи 119.000 евра. Парите планира да ги вложи во нови музички проекти. Верувам дека во моментов и одговара помалку да настапува, бидејќи одамна успеала да се обезбеди материјално и да реализира многу планови – ја завршува приказната менаџерката.

Слични објави

„Би одел со Јелена кај Луна Ѓогани“ – Слоба Радановиќ изненади со признание за поранешната девојка

Е.А.

(Фото) Итно огласување на Андрија Милошевиќ: Актерот жртва на голема измама, ангажирал и адвокат

Еспресо

Каде е денес и со што се занимава Шваба од култниот филм „Рани“?

Е.А.

Малечко девојче го украде шоуто на концертот на Нина Бадриќ: Ѝ даде неочекуван подарок

Еспресо

Јелена искрено проговори за почетоците со Слоба Радановиќ: Имав анксиозност, не верував дека постојат такви лудаци

Е.А.

(Фото) Романтично дежа ву: Парис Хилтон повторно запросена од сопругот, овојпат пред нивните деца на плажа во Туркс и Кајкос

Еспресо
Се вчитува....